Авионот на соларен погон „Solar Impulse 2“ синоќа слета на Хаваи, по 120 часа лет преку Тихиот океан. Со поминати 8.200 километри е постигнат нов светски рекорд. По пет дена лет, авионот слета на зајдисонце на американските острови.
“Solar Impulsе 2” тргна на пат околу светот полетувајќи од Абу Даби на 9-ти март. Авионот леташе без гориво, а струјата ја добиваше од 17 000 соларни ќелии поставени на крилата долги 72 метри.
Леталото го управуваа швајцарските пилоти Bertrand Pickarp и Andre Borchberg. Очекуваат дека летот околу светот, кој се одвива во етапи, би траел пет месеци.
Ова патување привлече големо внимание низ светот, поради соларниот погон кој многумина го гледаат како гориво на иднината и извор на чиста, обновлива енергија.