„Соларно кино“ во Кинотека

Здружението Гоу Грин Скопје, во рамки на проектот „Соларни кина“, на 22 ноември го организира првото соларно кино во Кинотека.

Настанот е промоција на еко-иновацијата „Мобилна станица за селекција“ која овозможува селектирање на 6 вида отпад хартија, пластика, текстил, батерии, стакло и лименки. На станицата ќе има приклучено соларни панели кои овозможуваат кино проекции.

Проекцијата на филмот „Il etait une foret – Си беше една шума“ ќе се одржи во понеделник, 22 ноември, во Кинотека со почеток во 12 часот.

Овој настан своевидно го означува и почетокот на Европската недела за намалување на отпадот, која трае од 20 до 28 ноември.

Влезот ќе биде отворен од 11 часот, а како влезница потребно е посетителите да носат нешто што може да се рециклира, односно, хартија, пластика, текстил, батерии, стакло и лименки, како и ковид сертификат.

Капацитетот на настанот е ограничен, а предност ќе имаат оние кои први ќе пристигнат.

Настанот се организира според сите протоколи, и за учество на истиот е потребно да приложите ковид сертификат.

Сите заинтересирани потребно е да се пријават ТУКА.