Насловена „Солидарност преку менторство“, менторската мрежа „Стела“ организира работилница каде менторки ќе зборуваат на теми како „Транснационален феминизам и феминистичка пракса“, „Менторство, солидарност и соработка“ и „Феминистичко пишување“.
Работилницата ќе се одржи во петок, на 8 април, со почеток во 16 и 30 часот во просториите на „МладиХаб“. Сите заинтересирани треба да го пополнат формуларот за присуство.
Работни јазици на работилницата ќе бидат македонски и албански, а темите ќе бидат презентирани од менторките Сара Миленковска, Влора Речица и Гордана Колова и Елена Гаговска.
„Општествата можат да учат од различните феминистички движења ширум светот и да ги имплементираат нивните перспективи во дома. Транснационалниот феминизам придонесува кон создавање колективни решенија за справување со неправдите и структурната дискриминација. Прекуграничните феминистички методи нудат места за соработка, глобална солидарност – и што е најважно за прекугранични компаративни примери кои можат да се користат на глобално ниво за да се подобри имплементацијата на политики кои не водат кон родова еднаквост“, објаснуваат организаторките.
Оттаму дополнуваат дека феминистичките движења инспирираа група ентузијастки да ја формираат „Стела“ – граѓанска организација која има за цел да го подобри пристапот до високо образование и економско омоќување за жени и девојки во Северна Македонија.
„Обезбедувајќи една-на-една насоки и совети преку Женската менторска мрежа, жените менторирани преку ‘Стела’ се поддржани преку индивидуално менторство во остварувањето на понатамошни студии и/или работни места што најдобро одговараат на нивните интереси“, дополнуваат тие.