Соло концерт на Филип Букршлиев утре во „Буква“

Џез музичарот Филип Букршлиев ќе одржи соло концерт во „Буква“. Настан ќе се одржи утре, со почеток во 21 часот.

Букршлиев е дел од бројни џез состави, вклучувајќи „Такси конзилиум“, „Строг пост“, „Филип Букршлиев трио“, како и во безбројни комбинации со неговите колеги импровизатори, меѓу кои се Дени Омерагиќ, Кристијан Новковски, Драган Теодосиев – Оцет, Нинослав Спировски, Благојче Томевски, Андреа Мирческа и други.

Минатата недела, Букршлиев издаде три сестрински изданија „Sv. Nikole Sessions Vol. 1-3“, на кои свират различни комбинации од Букршлиев, Благојче Томевски, Дориан Јовановиќ и Драган Теодосиев.

Прочитајте го нашето интервју со него од минатата година, направено пред изданието на деби албумот на „Строг пост“.

[Интервју] Филип Букршлиев, „Строг пост“: Културниот проток не би можел да биде задушен или изгладнет до смрт