Во Културно информативниот центар (КИЦ) – Салон 19’19, на 31 јануари (петок) концерт ќе се одржи на пијанистката Анастасија Кочева.
На програмата се дела од Франц Шуберт и Морис Равел – „Три композици за пијано“ и „Огледала“.
Анастасија Кочева (1997) е дел од новата генерација активни и надоаѓачки пијанисти на домашната сцена. Своето формално музичко образование го започнува на 7-годишна возраст а го заокружува на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на д-р Ана Гацева, каде дипломира и магистрира. Добитник е на повеќе награди и признанија на голем број државни и меѓународни натпревари.
Освен на класичната, таа е активна и на алтернативната и независна музичка сцена, создавајќи авторска електронска музика како и со учество во различни импровизациски формации. Минатата година го објави нејзиниот деби албум насловен „Тар“, во издание на „Стотројка“ – издавачка куќа зад која стои независното радио „Канал 103“.
Моментално работи како наставник по пијано во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“.