Самостојниот синдикат за образование, наука и култура денеска најави дека во петок ќе организира протест пред Министерството за образование и наука.
Според СОНК, протестот ќе се одржи поради загриженоста за многу состојби во секторот, при што надлежните институции не преземаат ништо за нивно надминување.
Од синдикатот бараат повисоки плати и склучување колективен договор, а не се согласуваат ниту со моделот на екстерното тестирање.
Доколку до крајот на август не бидат исполнети нивните барањата од СОНК најавуваат дека не е исклучено организирање генерален штрајк на почетокот на учебната година.
СОНК истакнаа и дека се загрижени за судбината на тројцата професори од УГД – Штип кои штрајкуваат со глад и дека согласно сите позитивни законски решенија, тие имаат право на напредување во своите звања и право на работа.