Здружението „Сенки и облаци“ од 24 до 26 ноември е организатор на Интернационален детски фестивал за игра со сенки „Сонот на облачето” кој е со интернационален карактер и е концепиран во три дена со учество на театри од регионот и Европа.
“Сонот на облачето” е фестивал кој ќе им овозможи на децата и младите од нашата земја да се запознаат со поинаков театар, традиции и културни вредности, со различни начини на раскажување и игра.
„Сонот на облачето“ има и хуманитарен карактер бидејќи ќе бидат вклучи одредени општествено маргинализирани групи како – деца без родители од „СОС детско село“ и домот „11 Октомври“, како и други малцински групи за кој се обезбедени бесплатен билет и превоз за фестивалот. Според организаторите, со фестивалот се очекува да се зголеми интересот за театарот кај децата, да ги запознаат основните човечки вредности и да се едуцираат за важноста на работите во светот кој ги опкружува.
Фестивалот “Сонот на облачето” ќе се одржува во просториите на Младинскиот Културен Центар (Сцена Фросина). Ќе гостуваат две меѓународни театарски групи и една театарска група од Македонија. Учесници на фестивалот ќе бидат ”Cia quase cinema” од Бразил , “Theatres des ombres” од Франција како и театарот „Сенки и облаци“ од Скопје – Македонија. Фестивалот делумно е поддржан од Министерството за култура на РМ.