Поетската манифестација „100 илјади поети за промена“, вечерва (14 декември) организира поетско читање насловено „No safe heaven“ („Нема сигурен рај“) во кафе бар „У“, а во соработка со Домот на култура во Гевгелија.
Манифестацијата ќе биде посветена на Енди Лопез, 13 -годишно дете од Санта Роса, Калифорнија, кое беше застрелано од страна на полицијата поради играчка-пиштол. Учесниците ќе имаат можност да направат фотографија со знак „Правда за Енди” („Justice for Andy“), која ќе биде испратена во САД како демонстрација на солидарност со главните организатори.
Ова е меѓународна манифестација која преку социјално ангажирана поезија и преку јавна демонстрација на солидарност и единство треба да ја дигне свесноста за борбата против полициската бруталност и кршењето на човековите права.
Организаторите најавуваат дека ќе биде промовиран „Алманах“ за 2013 година, насловен „100 илјади поети за промени“ – Македонија, зборник што претставува антологија во која се застапени педесетина поети.