Група исклучително актуелни електронски музичари доаѓаат на фестивалот Sea Dance во Будва, кој од лани претставува продолжение на Exit на Јадранското море. Американските артисти Soul Clap, Pillowtalk и Nick Monaco, заедно под името Crew Love, ќе настапат летово на плажата Јаз во Будва, соопштија организаторите.
Американците ќе им се придружат на Rudimental, Sigma, FKJ, Bondax, Star Slinger, Wilkinson, Dubioza Kolektiv и TCTS, кои досега се потврдени на настап на Sea Dance фестивалот, кој минатата година беше прогласен за најдобар фестивал од средна големина во Европа.