Со проекција на филмот „Блескави денови“ од Ан Џанѓун денеска во Кинотеката на Македонија почнува циклусот „Современ кинески филм“.
До вторник, 19 ноември, посетителите ќе имаат можност да ги видат филмовите „Засекогаш маѓепсан“, „Храмот на Буда“, „Патувајќи илјада милји“, „Океански рај“, „Под небото на Урумки“, како и „Телохранители и убијци“.
Секој филм ќе биде репризиран по 12 дена од првата проекција, освен „Блескави денови“ кој ќе се прикажува и на 24 ноември.