Два класични модели на автомобили се спојуваат во една супер-кола – дизајнерите од студиото Brandpowder создадоа хибрид од легендарните Citroen DS – „Ајкула“ и Porche 911 Carrera, што многумина го нарекуваат „совршениот автомобил“.
Шасијата на Citroen-от од 1955 послужила како почетна точка за овој експеримент. Во неа е вграден мотор од Porsche со зафатнина од 3000 цм3 и 260 коњски сили, кој се наоѓа во задниот дел од возилото. Техничките предизвици биле големи, затоа што на хибридната машина морале да бидат направени серија екстремни модификации, пред да може да се вози.
Резултатите се пред нас – автомобилот има нови, поголеми гуми, а оригиналниот систем за воздушно ладење е заменет со водна пумпа. Предницата на колата го добила изгледот на оригиналното Porcsche, додека задниот дел го задржал дизајнот на Citroen-от.