Светски признатата програма Converse Rubber Tracks која за првпат минатата година пристигна во регионот, им овозможи на бројни млади неафирмирани бендови и поединци да присуствуваат на забавни и едукативни работилници кои на различни теми ги држеа домашни музичари и продуценти.
Работилницата во Скопје е десетта по ред во регионот, а ќе се одржи на 06.02 февруари, со почеток од 14:30 во кафулето „Соулматик“. Темата е „Создади и снимај!“ и ќе се зборува за начините и можностите кои младите артисти треба да ги искористат за да постигнат успех. Предавач на работилницата ќе биде Петар Младеновски од „Суперхикс“.
По одржувањето на работилниците, Converse Rubber Tracks ќе отвори конкурс за пријавување на бендови, кој ќе биде од 1 до 29 март. Сите заинтересирани бендови, без разлика на жанрот, ќе може да се пријават со пополнување на апликација на веб страната converse.rs.
Потоа следува период на онлајн гласање, кое ќе биде од 23 март до 4 април. Гласањето на фановите ќе овозможи да се направи селекција од 15 бендови. Потоа, со помош на стручно жири ќе бидат избрани 7 бендови, кои ќе добијат прилика да снимаат во професионални студија во Србија, под будното око на домашни и странски продуценти кои доаѓаат од Њујорк и Бруклин.
Изведувачите ќе поминат доволно време за создавање нов материјал, а потоа комплетно ги задржуваат правата врз својата музика.
Converse Rubber Tracks натпреварите до сега се одржани во САД, Бразил, Шпанија, Германија и Холандија. Програмата им даде можност на повеќе од 500 музичари да снимаат во врвни професионални студија со тим од искусни продуценти, без трошоци.