Основачот на SpaceX, Илон Маск објави на својот Твитер профил видео од лансирањето на првите интернет сателити во Земјината орбита кое трае осум секунди.
Маск наведува дека сателитите се распоредени во ниска орбита и дека ќе комуницираат со земјините станици.
Сателитите наречени „Тинтин А“ и „Тинтин Б“ се дел од мрежа на сателити „Старлинк“ чија цел е да овозможат интернет во светот, особено во неразвиените земји. Кога ќе заврши целото неопходно тестирање, лансирањето на оперативниот сателит би почнало во 2019 година.
First two Starlink demo satellites, called Tintin A & B, deployed and communicating to Earth stations pic.twitter.com/TfI53wHEtz
— Elon Musk (@elonmusk) February 22, 2018
„Не кажувајте на никој, но лозинката за wifi е „марсовец“, напиша Маск.
Сателитите се лансирани со помош на ракетата Фалкон 9, со која е лансиран и шпански радарски опсервациски сателит „Паз“ како и два демо сателити.
Лансирањето претходно беше планирано да се случи на 17 февруари, но се одлагаше неколку пати.
Маск во неговата објава вели дека мрежата сателити, доколку се покаже како успешна, ќе им служи на оние на кои им е најпотребна.
Целиот проект ќе чини речиси 10 милијарди долари. Во план е 12 000 сателити кои постојано ќе бидат во движење и ќе покриваат буквално секоја точка на Земјата.