Спас за Гевгелија: Сакаат да ја убијат планината Кожуф, затоа протест на 16 септември

Во тајна постапка, далеку од очите на народот, македонските алчни и безкорпулозни тајкуни прибавиле дозволи за изградба на две хидроелектрани на реката Дошница на планината Кожуф, реагира иницијативата Спас за Гевгелија.

„Откако уништија се што може да се уништи во Македонија, сега се пуштија да го извадат срцето на Кожуф. Реката Дошница е последната река во Македонија од која можете да пиете вода и која тече во нечепната природа налик на бајка“, велат од иницијативата.

Според активистите, хидроелектраните треба да се градат во месностите „Баров дол“ и „Папради“, па оттука најавуваат и протест за 16 септември од 11:55 часот.

„Народот од Кавадаречко, Неготинско, Демир Каписко, Гевгелиско, Валандовско, Богданско… на овие налудничави тајкуни им порачува: Направивте 100 хидроелектрани. Овие дефинитивно нема да ги направите. Народот ќе го чува Кожуф. Ќе го чува по секоја цена“, стои во соопштението на иницијативата.