СПД: Утре остави ја наставата, излези за правда

Неформалната студентска организација Студентско пленумско движење (СПД) ги повикува студентите да ја остават наставата и да излезат за правда утре (29 април) во 12 часот и 5 минути пред Јавното обвинителство (ЈО) во Скопје.

„Почитувани колеги и колешки, средношколци и студенти. Утре во 12:05 часот, родителите на убиените деца во Кочани ќе протестираат во Скопје пред Јавното Обвинителство. Наша должност е да ја напуштиме наставата и да се приклучиме во знак на поддршка на родителити, чиј протест од ЈО ќе продолжи кон плоштадот и кон Собранието“, истакнува СПД.

Маршот од ЈО ќе продолжи кон Градскиот плоштад и ќе заврши пред Собранието.

„Наша должност е да ја напуштиме наставата, да застанеме покрај родителите и да покажеме дека ниту еден глас за правда нема да биде оставен сам. Утре напладне не во училница, туку на улица“, додаваат оттаму.

Семејствата на жртвите во Кочани утре на протестен марш во Скопје