Ресторативното дејство на добар ноќен одмор е широко препознаено и популарното научно објаснување за ова е дека мозокот ги исфрла токсините за време на спиењето
Сепак, нови наоди сугерираат дека оваа тероија, што стана доминантно гледиште во невронауката би можела да биде погрешна. Студијата покажува дека клиренсот и движењето на течноста во мозокот на глушец е всушност се значително намалени додека спие или е под анестезија, пишува „Гардијан“.
„Звучи како идеја вредна за Нобелова награда“, изјави професорот Ник Франкс, ко-автор на студијата.
„Ако сте лишени од сон, многу работи тргнуваат наопаку, не се сеќавате добро на работите, координацијата меѓу рацете и очите е слаба. Идејата дека вашиот мозок се одмора за овие работи едноставно прави смисла“, додаде тој.
Сепак, постојат само индиректни докази дека системот за отстранување на токсините од мозокот работи активно за време на спиење, изјави Франкс.
За последната студија, објавена во списанието „Nature Neuroscience“, истражувачите користат флуоросцентна боја за да го проучуваат мозокот на глушец. Ова им овозможило да видат колку брзо се движела бојата од шуплините исполнети со течност до другите делови од мозокот и на тој начин можеле директно да ја измерат стапката на клиренс на бојата од мозкот.
Студијата покажува дека клиренсот на бојата се намалува за 30% додека глушецот спие и за 50% додека е под анестезија споредено со глушецот кој го задржувале буден.
„Бевме многу фокусирани на идејата за клиренс како една од клучните причини зошто ние спиеме, и секако бевме многу изненадени кога го забележавме спротивното во нашите резултати. Откривме дека стапката на клиренс на бојата од мозокот е значително намалена кај животните кои беа заспани или под анестезија“, изјави Франкс.
Истражувачите предвидуваат дека откритието ќе биде применливо и на луѓето бидејќи спиењето е основна заедничка потреба на сите цицачи.