Со почеток во 20 часот, и овој вторник продолжуваат филмските проекции во хаклабот Кика. За денеска на репертоарот се двата кратки филмови: The internet must go (2013) и Noah (2013).
Приказната за „The internet must go“ се случува во 2012 година, кога пазарниот истражувач John Wooley бил ангажиран од страна на големите интернет провајдери за да дознае како да ја продаде нивната визија за “побрз” и “почист” интернет.
Шест месеци подоцна, тој го завршува извештајот – и го споделува со светот.
Во приказна која целосно се одвива на компјутерскиот екран на еден тинејџер, „Noah“ го следи истоимениот протагонист и неговата врска, во ова фасцинантно истражување на однесувањето (и романсата) во дигиталната ера.