Спомен-плоча во чест на познатиот македонски писател и драматург Горан Стефановски е поставена денес на Античкиот театар во Охрид.
Иницијатор за поставувањето е Лајонс-клубот „Лихнидос“, а е изработена по повод годишнината од неговата смрт, пренесува „ОхридПрес“.
Од клубот соопштија дека по повод откривањето на плочата била планирана и соодветна свечена цереномија, но била откажана во знак на почит кон загинатите и повредените во земјотресот во соседна Албанија.