На Летната Специјална олимпијада, која ќе се одржи во Лос Анџелес, САД од 25 јули до 2 август, ќе учествуваат и повеќе спортисти од Македонија.
На овие игри учество ќе земат 177 земји, а македонската делегација ќе брои 26 членови од кои 18 спортисти ќе не претставуваат во четири спорта и тоа: кошарка, атлетика, пинг понг, пливање.
Специјалнатa Олимпијада е еден од најголемите глобални спортски настани. На олимпијадата се натпреваруваат повеќе од 7.000 спортисти и 3.000 тренери од 177 земји во 25 олимписки спортови.
Почесен претседател на игрите е претседателот на САД Барак Обама, а почесни гости на церемонијата на свеченото отворање во Лос Анџелес се првата дама на САД, Мишел Обама, градоначалникот на Лос Анџелес Ерик Гарцети и гувернерот на Калифорнија Џери Браун.