Кинеската стримиг платформа „Јуку“ е под напад од критики поради наводен плагијат на хитот “Sguid game“, откако објави промотивен материјал за новото шоу наречено “Squid’s victory“.
Исто како и во “Sguid game“, шоуто претставува неколку натпреварувачи кои се натпреваруваат во детски игри. Дури и постерите за шоуто се слични на корејскиот хит. Корисниците почнаа да ја критикуваат „Јуку“ бидејќи не е оригинална, пренесува „БиБиСи“.
Како одговор, од кинеската платформа објаснија дека промотивниот материјал не бил финален, туку сè уште во изработка.
„Поради грешка во работниот процес, првата варијанта од постерот на новото шоу “Squid’s victory“, кое беше снимено претходно, по грешка беше употребена како промотивен материјал“, напишала компанијата на кинескиот еквивалент за „Твитер“ – „Вибо“, притоа објавувајќи нов постер за шоуто кое овојпат било наречено “Game’s Victory“.
Сепак, корисниците на „Вибо“ не биле убедени во ваквата изјава.
„Ова звучи како јадно прикривање. Очигледно, тие се обиделе да ја копираат “Squid Game“ поради нејзината популарност“, бил еден од коментарите на публиката.
Другите изјавиле дека „им е преку глава од тоа колку кинеските продуценти копираат корејска содржина. Популарното музичко шоу “The Rap Of China“ претходно било критикувано бидејќи е копија на јужнокорејското шоу “Show Me The Money“.
„Зошто нашите продуценти не можат да имаат свои идеи? Ова е срамно“, гласи уште еден од коментарите.
“Squid game“ – глобалното хит шоу кое се фокусира на опасни детски игри, стана популарно и во Кина, иако официјално не се одржа кинескa премиера. „Нетфликс“ не е достапен на кинескиот пазар и многу од луѓето го гледаат шоуто на нелегални стрим сервиси или пак го наоѓаат на торенти.
„Јуку“ која има околу 100 милиони корисници, се смета за најпопуларната кинеска стрим платформа. Кина и Кореја имаат бројни културни судири. Минатата година, „Кина“ беше обвинета за „крадење на корејската култура“, кога државата се самопрогласи за најголемиот производител на кимчи.