Издавачкиот центар ТРИ во среда, 14 февруари организира средба со добитничката на наградата „Стале Попов“ за романот „Манастир Фуентерабија“ (ТРИ, 2017) – Јагода Михајловска-Георгиева. Настанот е закажан во 13 часот, во Книжарницата ТРИ во Дебар Маало.
Јагода Михајловска-Георгиева е авторот на најдоброто прозно дело за 2017 година, според Друштвото на писателите на Македонија. Наградата „Стале Попов“ е уште една потврда за високите книжевни квалитети на романсиерката, која е еден од најнаградуваните македонски автори, добитник на Рациновото признание и Роман на годината за „Каменот од твојот ден“ и „Индиго Бомбај“.
Дел од продажбата на „Манастир Фуентерабија“ авторката го донира за децата од улица згрижени во Дневниот центар во Шуто Оризари, во соработка со списанието „Лице в лице.“