Преку проектот ,,Иднината на мекатроника“ група ученици од средното техничко училиште „Гостивари” од Госивар ќе добијат можност да заминат на пракса во турскиот град Измир. Како што информираше директорот Ибрахим Асани, проектот за средношколската пракса е финансиран од програмата Еразмус плус од Европската Унија.
„ Овој проект е многу значаен, а целта му е учениците од електротехника, енергетика и машинските техничари дел од пракca да го изведат во Измир-Турција“, изјави директорот Асани.
Тој додава и дека е задоволен од тоа што се отвораат нови можности за младите и се надева дека ваквите проекти ќе продолжат и во иднината бидејќи средното училиште веќе аплицирало на повеќе проекти.
Само 9 ученици ќе добијат можност заминат на праксата во Измир. Тие треба да имаат одличен успех во училиште и солодно да го познаваат англискиот јазик. Селекцијата и и интевјуата со пријавените ученици ќе ја прави училишна комисија, формирана за оваа намена.
Со оваа програма средношколците на праксата ќе престојуваат 15 дена, од кои 12 ќе бидат работни денови, а останатите 3 дена ќе се користат за запознавање на културата и историја на градовите Измир и Кушадаси.
Тајар Гаши