„Ја чекам матурската прослава уште од основно училиште. Крајот на четврта година е највозбудливиот период од средното образование бидејќи тоа се последните месеци со нашите пријатели пред матурирањето“, вели Сенаида Нг од Торонто, Канада за „BBC“.
Но, со коронавирусот дојде и физичкотоо дистнцирање, па студентите од САД и Канада, како Сенаида, се нашле затекнати кога училиштата ги откажале или одложиле матурските забави.
Изабела Домидион од Кентаки, исто така ја планирала својата матурска забава долго време.
„Многу се вознемирив кога нашата матурска забава се откажа. Толку долго ја чекав“, истакнала таа.
Како и многу други матуранти ширум светот, Сенаида и Изабела биле дел од онлајн матурска забава. Виртуелните матури се одвиваат на „Зум“, „Јутјуб“, „Твич“ и „Тик Ток“, додека учесниците се облечени во нивните долгопланирани фустани и изгледи“. Хаштагот #ВиртуелнаМатура (#VirtualProm) веќе брои над еден милион објави.
Сенаида била дел од виртуелна матура која станала толку популарна, што немало место да се придружи на „Зум“ забавата.
„Мислам дека на „Зум“ се приклучија околу 1500 до 2000 луѓе. Учениците почнаа да отвораат свои чет соби, а јас се уклучив во една случајна каде се сретнав со мнозинство тинејџери ширум светот. Се забавувавме преку разговор и се запознавме“, нагласила таа.
Виртуелните матурски забави се претвориле во голем феномен, па познатите започнале да се приклучуваат во чет собите за да им овозможат на матурантите незаборавно искуство.
Актерот Џон Краскински отворил своја матурска чет соба, велејќи дека иако се пропуштаат многу работи, матурата не може да биде една од нив. На неговата виртуелна матурска забава се придружиле Били Ајлиш и „Џонас Брадерс“.
Популарноста на виртуелните матуски забави станува сѐ поголема во време кога мерките за физичко дистанцирање се уште се активни. Се чини дека матурантите се повеќе и повеќе ги одржуваат матурите онлајн. Но дали вреди?
„Виртуелните матури ми дадоа можност да очекувам и да се радувам на некој настан, кој би бил славење на трудот и работата низ годините, со луѓето кои ги сакам. Навистина си поминав убаво“, истакнала Изабела.
Извор: BBC