Средношколците се приклучуваат на денешниот студентски протест за јавниот превоз во Скопје

Сојузот на средношколци на Република Северна Македонија информира дека се приклучува на протестот против недостигот на јавен превоз во Скопје.

Протестот ќе почне во 14:00 часот пред старата пошта во Скопје, по што учесниците ќе се упатат кон Град Скопје, каде што протестот ќе продолжи од 14:30 часот.

„Овој сериозен проблем особено ги засега средношколците, правејќи го секојдневното патување до училиштата низ градот сè потешко. Како млади луѓе кои директно се засегнати, бараме итни и одржливи решенија за враќање на јавниот превоз и обезбедување еднаков пристап до образование за сите ученици“, велат од Сојузот.

Студентите денеска излегуваат на протест поради состојбите со јавниот превоз