18-годишна ученичка од американскиот град Сарасота Британи Венгер „научила“ компјутер како да дијагностицира леукемија преку создавање на дијагностичка алатка за доктори. Таа изградила „вештачка нервна мрежа“ за да пронајде обрасци за дијагностицирање на пациенти со агресивна форма на рак, наречен „mixed-lineage leukemia“ (MLL).
Овој вид на леукемија има мала стапка на преживување, која се движи околу 40%. Вегнер открила четири експресии на генот во телото со кој може да се создаде специфичен лек против опасната болест. Таа не само што создала моќна дијагностичка алатка за овој вид на рак, туку нејзиниот изум може да помогне и во развивање на нови третмани на пациентите.
Оваа ученичка претходно ја искористила технологијата на вештачката интелигенција за дијагностицирање на рак на дојката. Нејзиниот пронајдок за леукемијата докажуваат дека нејзината програма може да се подобри за дијагностицирање на неколку видови на рак.
„Сакав да докажам дека структурата која ја изградив може да работи за повеќе болести“, вели таа.
За нејзиниот пронајдок, таа добила награда од 3.000 долари на натпревар во категоријата за компјутерска наука, како и 1.500 долари од „Go Daddy“, 10.000 долари од „Google CS Connect“ и 500 долари награда од „IEEE Computer Society“.
Извор: Факултети