Ученичка од западната индиска држава Гуџарат била откриена како шири лажни вести за епидемија на Ковид-19 во нејзиното училиште за да избегне физичко полагање на тест, пишува VICE.
Минатата недела, лажна вест во која пишувало дека 13 деца имале позитивен ковид тест откако присуствувале во училиштето Удгам во градот Ахмедабад. Ова ги натера службениците во училиштето да испитаат дали некои ученици имаат коронавирус, пред да го пронајдат изворот на виралната порака.
Средношколката признала дека се испаничила откако дознала дека нејзиното училиште ќе спроведува тестови со физичко присуство и ги раширила вестите во обид да го убеди своето училиште да го откаже тестот. Властите на училиштето одлучија да не поднесат полициска жалба против ученичката, за која велат дека жали за нејзините постапки.
Минатиот септември, идните лекари и инженери низ целата земја протестираа против физичко полагање на приемните испити така што го спамирале Јутјуб каналот на премиерот Нарендра Моди.
„Ќе има некаква форма на вознемиреност, стрес и притисок што учениците, особено адолесцентите, ќе ги почувствуваат додека го прават овој премин од часовите преку интернет, каде што имаа поголема слобода, да бидат повторно под лупа на нивните наставници“, вели психологот Хвови Багвагар за VICE World News.
„Преминувањето од дома на училиште или на работа, ќе биде потешка транзиција отколку да се навикнеш на работа од дома“, додава тој.