Драмската секција при СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп, „Слободно театарче“ ја изведе претставата „Маѓепсан круг“ која го крева гласот против трговијата со деца за принудени детски бракови.
Преставата е дел од иницијативата „Промени го мислењето остани надвор од маѓепсаниот круг“ кој ја спроведуваа локалниот медиум Радио Пела и влклучува радио драмата и театарската претстава насловени „Маѓепсан круг“ кои содржат четири приказни за борба против невидливите синџири што ги држат жртвите на присилни бракови и трговија со луѓе.
Во радио драмата и тетарската претстава играат: Исидора Попоска, Милана Здравеска, Марија Котева, Исидора Николоска, Марко Костадиноски, Марија Јовеска, Вања Младеновски, Матеа Стојчевска, Марија Стеваноска, Даниел Главчев, Михаил Тркалески, Тамара Димитриеска, Михаил Јорданоски. Автор на драмски текст и сценариото е Филип Стојаноски Режија, сценографијата е на Билјана Тинтоска.
Радио МОФ ја објави радиодрамата која е достапна на следниот ЛИНК.
Театарската претстава „Маѓепсаниот круг“ во организизација на Радио Пела е дел од поголема иницијатива за подигање на јавната свест за принудните детски бракови. А, театарската претстава ќе се одигра уште во неколку општини; Битола, Крушево, Општина Кривогаштани и Општина Долнени.
Изведбата се одржа по повод одбележување на Европскиот ден за борба против трговијата со луѓе, а на него присуствуваа и преставници од Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје.
„Активностите и резултатите од акцијата за борба против трговијата со луѓе во Северна Македонија на Европската Унија и Советот на Европа и помагаат на Владата да се усогласи со препораките утврдени во мониторинг извештаите за спроведувањето на Конвенцијата за дејствување против трговија со луѓе од Северна Македонија, подготвена од Групата експерти за акција против трговија со луѓе (ГРЕТА). Во својот трет мониторинг извештај за Северна Македонија од 2023 година, ГРЕТА забележува дека повеќето деца идентификувани како потенцијални жртви на трговија со луѓе … биле деца од ромската заедница подложена на принудно питачење, принуден брак или сексуална експлоатација“, рече во своето обрјаќање Олег Солдатоф, шеф на програмската канцеларија на Канцеларијата на Советот на Европа во Скопје