Дали сте средношколец што сака да ги изразува своите ставови креативно? Дали сакате да научите повеќе за: снимање видеа, обработка на видеа и пост-продукција? Сакате ли да освоите фотоапарат, таблет или флеш меморија?
Аплицирајте на средношколскиот видео натпревар што го спроведува Младинскиот совет на Амбасадата на САД на темата „Сите различни- сите еднакви (All Different-All Equal)“. Целта на натпреварот е да се подигне свеста за интеграцијата и еднаквоста меѓу младите во Македонија. 20 средношколци од цела Македонија ќе бидат избрани да учествуваат на две работилници за видео активизам. Само на избраните учесници ќе им биде дозволено да учествуваат на видео натпреварот.
Работилниците во рамки на натпреварот ќе бидат на следните теми и во следните термини:
– Работилница за снимање видеа и креирање приказни: 08.02.2015 во Национален младински совет на Македонија (10:00-17:30)
-Работилница за обработка на видеа и пост-продукција: 20.02.2015 во Американско катче Скопје (10:00-17:30)
Критериуми за учество во натпреварот:
– Учесниците треба да се средношколци од било кој град од Македонија
– Учесниците треба да имаат вештини за говорење, пишување и разбирање Англиски јазик
-Поседување на смартфон или камера (снимањето на видеата ќе се врши со лична опрема)
-Поседување на лаптоп (обработката на видеата ќе се врши со лична опрема)
По одржувањето на работилниците, одбраните учесници ќе треба ги достават своите 2 минутни видеа коишто ќе се квалификуваат во видео натпреварот. Потоа ќе следи онлајн гласање и гласање од страна на жири од Младинскиот совет на Амбасадата на САД. Сите учесници што присуствувале на работилниците и доставиле видео ќе добијат сертификат за учество. Наградите за првите три места од натпреварот се: фотоапарат, таблет и флеш меморија. Линкот за аплицирање е достапен тука. Крајниот рок за аплицирање е 29 јануари до 23:59.