Владејачката Српска напредна странка (СНС) прогласи победа во поголемиот дел од општините и градовите во кои вчера се гласаше на локалните избори во Србија, додека опозицијата тврди дека може да формира власт во Ниш.
„СНС има чита и убедлива победа во сите општини освен во Бачка Топола, Сента, Кањижа и Тутина, каде живеат малцинства на Унгарци и Босанци“, соопшти лидерот на СНС Милош Вучевиќ.
Додека владејачката СНС тврди дека гласањето поминало без проблеми, опозицијата обвинува дека изборниот процес забележал многу неправилности како двојни избирачки спосоци, притисок врз гласачите и организирано гласање.
Опозицијата прогласи победа во Ниш.
„Од вечерва Ниш е слободен град, многу долго чекавме да дојде правдата и да ја победи неправдата, а радоста да ја победи тагата“, изјави д-р Драган Милиќ кој ја предводеше групата граѓани што осови најмногу гласови за опозицијата, и истакна дека нема да соработуваат со СНС.
Претседателот на Србија и член на СНС, Александар Вучиќ изјави дека партијата во декември во Белград освои 54 одборнички места, а сега се надеваат на 62 или 63. Општина Белград има 110 одборнички места, а за влаедачко мнозинство се потребни 56 места.
„Така е и во Нови Сад каде позицијата настапи во коалиција, ние освоивме убедлива победа со 53 отсто, тоа се 45 мандати“, изјави Вучиќ.
Како што изјави, во Ниш од 61 одборничко место, освоиле 32, но и дека листата на д-р Милиќ со освоени околу 15 постигнала добар резултат кој е „достоен за почит“.
Локалните избори во Србија ги одбележаа топлиот вчерашен ден, малиот број инциденти во главно во Нови Сад како и релативно слабата излезност.
На речиси 30 степени, луѓето гласаа во 89 градови и општини меѓу кои Белград, Нови Сад, Ниш, Чачак, Ваљево и поголемиот број од војводинските општини.