Српската полиција ја запрела новинарската екипа на „Слободна Далмација“ на граница, ги тргнала настрана и им ги одзела документите, а откако утврдила дека се новинари, им забранила влез во Србија, јавува Н1.
Како што се наведува, новинарите од Сплит добиле документ во кој се објаснува дека тие претставуваат безбедносен ризик.
„Слободна Далмација“ пишува дека неофицијално дознаваат оти влез во Србија им бил забранет и на други новинарски екипи од Хрватска за да не можат да известуваат од утрешниот протест.
Инаку, утрово од граница беше вратена и хрватската новинарка Ива Анзуловиќ и неа не ѝ беше дозволен влез во Србија. Како причина за забраната навела дека била прогласена за безбедносна закана.