Сенатот на Универзитетот во Белград усвои правилник за вреднување на воннаставните активности на студентите, кој предвидува академците да добиваат поени за извршена пракса, волонтерски труд, ангажирање во спортско друштво, научно-истражувачки труд и активности во студентската организација.
Основната идеја е да им се помогне на студентите да се вработат, но и да им се овозможи на работадавачите да ги најдат најдобрите работници. Правилникот овозможува работодавачите да следат колку студентите за време на студиите биле активни и да ги вработат оние кои работеле на проекти важни за работното место.
Поените за воннаставните активности влегуваат во „додаток на дипломата“, документ кој мора да следува со самата диплома. Утврдено е да еден поен вреди од 25 до 30 работни часа, а студентот може да биде ангажиран и на неколку активности и така да собира повеќе поени. На секој факултет ќе постои комисија за доделување на поените.
Правилникот е дел од процесот на усогласување на српското високо образование со европското.
Извор: А1он