„’SRV Фест – Гевгелија” е хуманитарен фестивал во чест на Ристо Калиников, младиот гитарист од бендот Аквариус кој прерано ја изгуби битката со болеста, во октомври 2012 година.
„Нашата мисија е да собереме колку што е можно повеќе хуманитарни средства за помош на оние кои боледуваат од тешки болести и да се забавуваме и уживаме во музиката која беше се за нашиот незаборавен Ристо“, посочуваат организаторите на фестивалот.
Визијата за овој фестивал е тој да стане традиционален во Гевгелија за заедно да им се помогне на сите оние на кои им е потребна итна финансиска помош.
Сите информации за настанот ќе бидат објавени на официјалната Фејсбук страна, како и на порталот за хуманитарниот концерт и младиот гитарист.