Стадион во Австрија претворен во шума

„Бесконечната атракција за природата“, окарактеризирана како најголемата уметничка инсталација во Австрија, беше отворена во Клагенфурт.

„За природата“ е проект, уметничка интервенција на Клаус Литман, кој го претвори тревниот дел од стадион со 30.000 седишта во шума, со цел да укаже на уништувањето на природата, а воедно да се приклучи на дискусиите за климатските промени.

Литман се инспирирал од слика на австрискиот уметник Макс Пинтер, каде е прикажан стадион на кој гледачите гледаат шума наместо натпревар.

„Оваа неверојатна идеја треба да стане реалност“, била првата идеја на Литман.

Со помош на италијанскиот архитект Енѕо Енеа, Литман поставил 300 дрвја од повеќе видови,  некои се стари 50 години и се по 15 метри високи.

„За природата“ е отворен за јавноста до 27 октомври 2019. Во меѓувреме, локалниот фудбалски клуб ќе тренира на помал стадион.