Оваа сабота во скопскиот клуб Сектор ќе настапат четворица диџеи и двајца вокалисти (тн. церемонијал-мајстори). Во Скопје доаѓа најбараниот вокал на драменбејсот – Stamina MC, во придружба лондонските диџеи од Лондон – Junior Buzz, Mad Ash и Jamma. Журката ќе ја заокружи Game Over во заеднички настап со фронтменот на бендот Conquering Lion – Mane Rootsman MC.
Linden Reeves – глобално познат како Stamina MC е име кое го има на плакатите на сите поголеми музички фестивали во светот. Во моментов е во зенитот на својата кариера – најпопуларните драменбејс диџеи го бараат да настапува во тандем со нив. На турнеите на Shy FX, DJ Marky или LTJ Bukem – микрофонот во раце го држи токму емси Stamina. Води сопствена емисија на престижното радио RINSE FM и автор е на песни кои доминираат на светските топ листи.
Junior Buzz е етаблирано диџејско име кај македонската публика. Исклучителниот талент го покажува веднаш по првата деценија на својот живот, а на 15-годишна возраст веќе настапува рамо-до-рамо со најголемите диџејски имиња на лондонската клабинг сцена. Како тинејџер го остварува и своето прво гостување во Скопје! Ќе остане забележан во нашата клабинг историја како првиот странски драменбејс артист, кој настапил овде.
Mad Ash (Ashley Gillard) е жива легенда на лондонската драменбејс сцена. Ги организира првите журки со диџеи од овој жанр, го зачнува првото драменбејс пиратско радио – Interface… Им овозможил настап на големата сцена на имиња, кои се денеска супер-ѕвезди во драменбејсот, како Andy C и DJ Randall…
Jermaine Bowley попознат како Jamma е уште една почитувана фигура во светот на лондонскиот драменбејс. Еден од основачите на клабинг сцената во родниот град – промотер, радио-водител на низа култни пиратски радија како: Kool FM, Rude FM, Ruud Awakening, Impact…Моментално уредува и води своја емисија на едно од најстарите драменбејс радија на светот – Origin UK.
Ограничено количество на влезници по симболична цена од 200 денари е пуштена во продажба во кафулето Излет. Гостувањето на Stamina MC се реализира благодарение на Скопје Вавилон – нова форма на младински активизам, чија цел е враќање на Скопје на светската клабинг мапа.