Една од иконите на Ѕвездени патеки, Нишел Николс ќе учествува во мисија на НАСА, со летот СОФИЈА.
СОФИЈА (Stratospheric Observatory for Infrared Astronomy) за жал, не лета во вселената, пренесе ABC.
„Тоа е во воздушна опсерваторија, масивен телескоп поставен во внатрешноста на БОИНГ 747 кој лета највисоко колку што е можно во атмосферата. Бев на сличен лет, во првата опсерваторија, назад во 1977 година и тоа е неверојатно искуство кое дава сосема поинаква перспектива, отколку од земјата”, изјави Николс.
СОФИЈА е создаден за да ја набљудува инфрацрвената енергија во универзумот, што му овозможува да проучува сè од ѕвезди до црни дупки, вклучувајќи и маглини, соларни системи, комети и астероиди.
За време на неодамнешната лет во близина на Нов Зеланд, СОФИЈА можела да го забележи поминувањето на Плутон пред една ѕвезда.
Рефлектирачкиот телескоп, сместен во трупот на авионот, е над 4 метри во дијаметар.
As hinted on my #AMA yesterday, I’ll be onboard a @NASA SOFIA flight in September. Read more: https://t.co/fL45SwAr66 pic.twitter.com/woElJ5IIxi
— Nichelle Nichols (@NichelleIsUhura) July 31, 2015
Николс, исто така, беше запрашана за нејзината улога во оригиналната серија „Ѕвездени патеки”, која започна пред речиси 50 години.
„Уживав во целото шоу, од кога заминував во студио се до кога влегував дома, и сето она помеѓу. Мои омилени епизоди беа кога Ухура одеше на планетата”, рече таа.
Извор: ABC