Старото кино во скопската населба Кисела Вода ќе се реконструира и адаптира во нов, мултифункционален објект.
Според најавите на министерката за култура Елизабета Канческа Милевска и градоначалничката на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец Алексиќ, граѓаните ќе добијат Дом на културата кој ќе се користи како театар со 144 седишта.
Просторот ќе има и библиотека, уметнички клуб, кафетерија со галерија, административни канцеларии, како и простории за месната заедница со посебен влез.
Реконструкцијата ќе се реализира со средства од државниот и Буџетот на локалната самоуправа.
Предвидено е новиот Дом на културата да биде енергетски ефикасен објект со модерна надворешност. Фасадата ќе биде од композитни алуминиумски панели во три бои, црвена, темно и светло сива. Надворешниот простор ќе биде холтикултурно уреден, а за посетителите ќе бидат обезбедени и паркинг-места.