Пред околу еден месец во матичното одделение во Битола, родител од Ресен кога го заведувал своето новороденче во матичната книга на родени бил исмеан од страна на вработениот од матичната служба со зборовите: „Од каде сега Египќани во Македонија?“. На тоа родителот се засрамил и му кажал на службеникот да пише дека се Албанци.
Интегрирањето на помалите заедници кои не се спомнати во Уставот на Република Македонија и почитувањето на нивните права од секогаш биле во втор ред и сегогаш оставаат простор за манипулација на политичките елити и нивните потреби, бидејќи најчесто, на локално ниво, одлучувачките гласови за тоа кој ќе ја освои власта ја имаат баш помалите заедници.
Една од тие заедници кои не се спомнати во Уставот е и заединицата на балканските Египќани која се карактеризира како миролубив и вреден народ кој одсекогаш придонесувал кон развој на општеството со занаетите кои ги работеле (ковачи), земјоделие или трговија, и една од нивните главни карактеристики е тоа што одсекогаш живееле и работеле во централните градски подрачја.
Денес институциите на системот се така поставени што секогаш предност им даваат на заедниците кои се спомнати во Уставот, што придонесува преставниците на заедницата на балканските Египќани да се декларираат како преставници на некоја поголема етничка заедница (најчесто Роми или Албанци) со цел да се здобијат со некоја придобивка или корист од државата, што му следува согласно закон.
Во минатото имало случаеви кога преставници на заедницата на балканските Египќани кога конкурирале за работа во јавни институции (полиција, општина, министерста и слично) најчесто се одбивани. Додека, ако биле повикани на интервју, дури биле исмејувани од страна на службениците со изговор дека таква заедница во Македонија нема, што преставува грубо кршење на основните човекови права во делот на слободата на декларирање по однос на етнича заедница и остварување на правото на работа.
Но, има и случаеви кога преставниците на заедницата на балканските Египќани се прикажуваат по своја волја како преставници на поголема етничка заедница. Во општина Ресен неофицијално живеат околу 500 преставници на заедницата на балканските Египќани, Ресен, како мало место, каде секој го познава секого, на почетокот на учебната година имаше случај каде од 3 ученици во едно одделение, преставници на заедницата на балканските Египќани, еден се преставува како Ром, еден како Албанец и еден како Египќанец.
Ваквите случки ги обесхрабруваат преставниците на заедницата на балканските Египќани да се искажуваат како Египќани, а со тоа се зголемува феноменот на етно-мимикрија кај заедницата, кога се прикажуваат како припадници на други заедници мислејќи дека ќе стекнат бенефити при вработување, добивање стипендии и слично.
За степенот на интеграција на заедницата на балканските Египќани во Македонија да се тргне од статус-кво, прво и најбитно е самите преставници слободно да се декларираат тоа што се и тоа како се чувствуваат – како Египќани, а институциите заедно со граѓанските организации, кои ја застапуваат оваа заедница, да отпочнат заеднички процеси со цел да креираат можности за интеграција и непречено функционирање и почитување на малцинските права и закони.
Правото на искажување на етничка припадност е едно од основните човекови права и институциите тоа треба да го разберат и да го прифатат како такво, од страна на институциите очекуваме да го применуваат моментот на позитивна дискриминација и да не повикаат како организација заедно да креираме мерки и акции кои ќе го подобрат статусот на заедницата.