[Став] Како изгледа Скопје од иднината?

Автор: Јана, 24, жител на Скопје

Извор: Future Skopje

Кои се чекорите за трансформација на Скопје во градот од соништата?

Детството во  засекогаш ќе го паметам по доцната пролет која ги облеваше улиците во мирис на липа и по луѓето кои ми оставија најсилен впечаток: нашите соседи. Нашите соседи беа луѓе кои, како и нас, се трудеа да го направат нашето “маало” најубавото “маало” што секој од нас може да го замисли! Тие беа оние кои се грижеа целата зграда и нејзината околина да бидат секогаш чисти, секој кат во влезовите да биде “искитен” со најубавите саксии цвеќе, секое од уличните животни да не остане гладно и секој човек кој ќе прошета наокулу да си замине со насмевка и топол поздрав.

Image for post

Оригинална фотографија: Стефан Велковски, преземена преку https://unsplash.com/@stef_mef

Секое од соседствата е свој уникатен еко-систем во кој секојдневно се одвиваат голем број на процеси, односи и активности.

Тоа значи дека секое од соседствата во Скопје има различни карактеристики, а жителите на соседствата различни потреби и желби.

Почнувајќи од мојата најблиска околина, почнав да ги забележувам грдите флеки на асфалтот околу контејнерите предизвикани од несоодветното одлагање на отпадот, пукнатините во тротоарите на кои постојано се сопнував, мебелот кој скапуваше со години позади гаражите, редот од паркирани автомобили што го уништи пејсажот на мојата улица и го претвори во шарена, метална писта. На уличните светилки кои со месеци трепкаа им недостасуваа покривните капаци, а жиците одвнатре блескаа на сонцето.

Парковите се проретчија, клупите под густите сенки на високите дрвореди стануваа сè помалку и полека прошетките низ мојот град ја изгубија својата магија. Но, две нешта останаа непроменети: мојата љубов кон градот во кој живеам и желбата да допринесам заедно со моите сограѓани во мисијата на неговото разубавување.

 и Скопје не е исклучок од ова правило. Ефектите на климатските промени сè повеќе се чувствуваат во урбаните средини, бројот на жители континуирано се зголемува и соседствата сè помалку и сè потешко успеваат да се справат со постојаните промени и новите потешкотии.

Во нашиот регион доминираат предизвиците кои се одразуваат со намалување на квалитетот на воздухот, зголемување на температурата, појава на поплави и урбани топлински острови, слабеење на инфраструктурата, постојано опаѓање на ефикасноста на јавните услуги и намалена свест меѓу граѓаните за последиците од климатските промени кои имаат 

Промените со кои се соочуваме со себе носат долгорочни негативни последици кои навлегуваат во јадрото на секојдневното функционирање на личноста. Лошото справување со предизвиците или пак целосното занемарување на потребата за нивно правилно адресирање резултира со намалување на целокупниот квалитет на живот.

Покрај ублажувањето на ефектите на климатските промени и закрепнување на околината, особено е важно обезбедување на еднаков пристап на сите членови на нашата заедница до пристојно домување, здравствена заштита, образование, мобилност, храна, вода, зелени и живи јавни места, безбедни и продуктивни можности за работа и просперитет. Со заедничка акција и контунуирано унапредување, тестирање на нови и иновативни решенија и трансформација на поединечните соседства можеме да изградиме уште поубаво Скопје!

Image for post

Преземено од https://unsplash.com/

Сега, повеќе од кога било, е важно заеднички да изградиме визија и преземеме акција за Скопје со кое сите ние ќе се гордееме.

 Заедно со граѓаните треба да бидат креирани нови јавни површини дизајнирани за потребите на заедницата и пооделните соседства, а постоечките да се обноват и одржуваат.

Image for post

Модел за редизајн на една од најпопуларните јавни површини во Лондон, Плоштадот Трафалгар

Овие јавни површини имаат потенцијал да донесат огромна вредност и да придонесат кон подобрување на квалитетот на живот. Земајќи ги за еден пример заедничките урбани градини во Велика Британија и Холандија, садењето на растенија, зеленчук и овошје во соседствата во заеднички простор носи огромен број на бенефити.Соседствата преку заедничка акција успеваат да создадат вистинска промена, тие стануваат сè понезависни и отпорни, изнаоѓаат начини за одржлив развој користејќи го потенцијалот во заедницата. Како одличен пример за тоа како да се имплементира ова “зелено решение” е општествената (заедничка) градина во општина Аеродром. Таа е на површина од околу 3 илјади квадратни метри и се наоѓа во паркот „Февруарски поход“ во Ново Лисиче, крај брегот на реката Вардар. Зошто оваа успешна приказна да заврши овде? Ваквите градини треба да ги има во секој дел од градот!

Image for post

Улицата “Via RecreActiv” во Гвадалахара, Мексико, каде секоја недела е “резервирана” за велосипедистите и пешаците, преземено од https://www.weforum.org/

Можностите за  во урбаната средина се особено важни за квалитетот на животот во градот. Со заштита и одржување на зелените јавни површини, парковите, терените за спортски активности, околните планински патеки и патишта и нивно соодветно опремување, ќе се поттикне динамичноста во градот која ќе допринесе Скопје да стане поздрав и поактивен град!

Со цел да го подобриме квалитетот на живот на долг рок, важно е да го адресираме потенцијалот за одржлив урбан развој во областа на 

Градовите како Лондон, Барселона и многу други целосно ги обновуваат системите за менаџирање на градскиот сообраќај секоја декада, успешно воведувајќи нови и модерни технологии скроени во форма која му одговара на градот, инфраструктурата и потребите на граѓаните. Тие имплементираат  кои се дизајнирани благодарение на дигиталната технологија да ги забележуваат промените во градскиот сообраќај, брзо и ефективно да одговараат на моменталните состојби, но и да прибираат и анализираат информации кои понатаму ќе помогнат во унапредување на постоечкиот систем или пак дизајнирањето на нов. Дополнително, со промоција на  и овозможување на што поголем број на и прилагодување на постоечкиот јавен транспорт за подобро да одговори на потребите на граѓаните, ќе обезбедиме простор за подобрување во областа на транспортот, директно намалувајќи ги СО2 емисиите во урбаната средина чии причинители се автомобилите и превозните средства.

Image for post

Преземено од https://unsplash.com/

Преку заеднички активности и акции кои значително ќе ја помогнат оваа цел  и 

Поттикнување на активноста на граѓаните, обезбедувањето на поддршка и инвестирањето во локалниот потенцијал овозможува , правејќи ги 

Граѓанските иницијативи, заедничките акции и организациите имаат важна улога во еко-системот на промени како едни од телата преку кои граѓаните можат директно да учествуваат во одлучувањето на локалната самоуправа и другите државни органи.

*Преземено од Future Skopje, иницијатива која заедно со жителите поттикнува трансформација на градот Скопје во едно од најдобрите места за живеење, работење и посетување до 2030.