[Став] Како кризата со Ковид-19 влијае на младите?

Пишува: Дарен Мек Кафри за Еуроњуз

Кризата со коронавирусот, на ужасен начин одзеде скоро 200 илјади животи низ Европа од крајот на јануари. Ниту една држава не беше поштедена. Во најпогодените земји, цели заедници имаа последици.

Влијанието, сепак, не ги погоди сите на ист начин. Насекаде повозрасните беа оние кои најмногу беа погодени. Низ Велика Британија 0,01 процент од смртните случаи беа лица под 15 години, еден процент од починатите беа на возраст од 15 до 44 години, а околу 75% се лица над 75 години. Ова не е болест која ги погодува младите.

Но, додека Европа се стави во карантин, бизнисите затворија и се губеа работни места, младите беа непропорционално погодени на поинаков начин. Некои се плашат дека шоковите од пандемијата со коронавирусот како последица може да остави младите да се плашат во текот на целиот нивен работен век, создавајќи таканаречена „Генерација Карантин“.

Повеќе од еден од секои шест млади на возраст од 18 до 29 години престанале да работат од почетокот на пандемијата според Меѓународната организација за труд (ИЛО). Дури и оние кои останале вработени, нивните работни часови им биле намалени за 23 проценти. Од ИЛО велат дека повеќе од 40% од младите (меѓу 15 и 24 години) на глобално ниво биле вработени во најпогодените сектори кога започнала кризата, а скоро 77% од нив работеле во неформалниот сектор.

Овде, во Европа, ситуацијата со која се соочуваат младите е најтешка на југот. Земјите како Италија, Шпанија, Грција и Франција се места каде младинската невработеност и пред кризата беше повисока од просекот на ЕУ. Тука пропорцијата на привремени или краткорочни работни места е повисока, а нивните економии се одржуваат на најпогодените сектори – како туризмот.

Дури и пред пандемијата, Италија беше земјата со најголема пропорција во ЕУ на лица меѓу 20-34 години кои ниту се вработени, ниту се во процес на едукација или обука. Дури 27,8 проценти. Ова е далеку полошо од европскиот просек од 16,4 проценти. Работите станале толку лоши што многумина од оние кои останале без работа престанале да бараат нова бидејќи едноставно немало отворени работни места.

Генерално, Европската централна банка предвидува дека во најлошото сценарио невработеноста ќе се искачи на историски рекордни 12,5 проценти следната година. Ова би значело 7 милиони изгубени работни места. Катастрофален удар.

А, за многумина, ова е двоен удар во помалку од една деценија. Несигурноста дојде во најлош можен момент. Младите кои влегоа на пазарот на труд за време на финансиската криза меѓу 2008 и 2013 година се погодени точно во моментот кога почнаа да се опоравуваат. „Влијанието ќе биде огромно бидејќи младите почнуваат во период на веќе многу ранлива ситуација, карактеризирана од непостојаност, додека уште немаат завршено со сметката испорачана од претходната криза“, вели Мариа Ангелес Давиа Родригес, професорка од Универзитетот на Кастиља-Ла Манча.

Тогаш, не треба да чуди што бројот на млади меѓу 18 и 24 години кои се чувствуваат депресивно се зголемил трикрактно кај женските и четирикратно кај машките за време на кризата, според истражување на Јавниот институт за здравје Сиенсано.

Секоја генерација е дефинирана по трауматични настани кои генерираат страв и несигурност. Овие настани го менуваат начинот на кој луѓето го разбораат светот и влијаат на начинот на кој носат одлуки и преземаат ризици. Младите луѓе денеска не се само во ризик краткорочно да не можат да најдат работа, туку по втор пат во 10 години тие се соочени со принудна животна промена, долготрајни пониски приходи и неминовен притисок, кој за многумина ќе значи никогаш нереализирани амбиции.

*Дарен Мек Кафри е уредник за политички теми на Еуроњуз