[Став] Медиумската писменост – зависен круг од медиуми, образование, одговорност и доверба

Nëse doni të lexoni tekstin në gjuhën shqipe, shtypni “Shqip” / За текстот на албански јазик кликнете „Shqip“

  • Бојан Шашевски

     

    Mедиумската писменост треба да ја гледаме низ призма на медиуми, образование, одговорност во јавен простор и градење доверба. Таа е тесно поврзан круг од овие работи, зависни едни од други.

    Еве зошто. Тргнувам од себе. Во Радио МОФ, како медиум сме мултимедијална платформа. Во превод – редовни новинарски занимации, анализи, теми, аудио подкасти, интервјуа, видео приказни, дискусии, радио емисии, контакт со читатели преку социјални мрежи, отворени медиумски денови за младите да ѕирнат во редакција. Да ги запознаат новинарските обврски, права, одговорности и како се „пече“ новинарскиот производ.

    Блискост значи повик за доверба. Истовремено, се обидуваме да поттикнуваме активни, ангажирани, креативни, солидарни и одговорни млади луѓе, кои, пред се’, стануваат самосвесни и учат да размислуваат критички. Прво да размислуваат, па потоа да мислат критички, да развиваат „филтер“ за манипулации и неетичко однесување, без да го изгубат текот на своите социјални потреби и трендови на заедницата.

    Таа мисија како одговорен медиум и организација, колку е возможно, ја тераме и понатаму. Исто верувам ја тераат и други медиуми. Но, тоа не е доволно за младите. И воопшто целото општество. Не!

    Зошто? Медиумската писменост, која по дефиниција создава „разумни и критички освестени граѓани“, не може да остане заглавена во медиумите и неформалното образование. Не треба да остане само проект на граѓанските организации. Факелот на медиумската писменост, со целиот пакет, мора да биде префрлен и во образовниот систем. Што побрзо, толку подобро. Губиме време!

    Образованието е коренот

    Фино и убаво е да зборуваме за транспарантност и отчетност, тоа ги придвижува демократските процеси. Точно. Тоа е поткастрување на израснати и заболени гранки, или гранки кои сметаат во развојот на други гранки, но треба хранење и на самиот корен на дрвото на животот, алијас функционално општество.

    Затоа, декларативните заложби на власта против лажните вести ќе бидат дезинформации се додека политичката волја не иницира промени за квалитетно образование.

    Во смисла, поимот „медиумската писменост“ ниту еднаш не е споменат во бившата Стратегијата за образование, но и во новата Стратегија 2018 – 2025 година. Спомената е „дигитална писменост“, но тоа е само еден дел, сегмент од чадорот на медиумската писменост, каде се вклучени и филмска писменост, театарска, јазична писменост… Разни медиуми, разни пораки.

    Дали е засега доволно тоа што АВМУ промовираше ДВД, односно  едукативни материјали на тема медумска писменост за основните училишта, изработени од организации? Дали донесувачите на одлуки размислуваат и за просторни услови во образовните установи, мотивација на наставници, заедно со нова програма?

    Вториот годишен индекс за медиумска писменост на Институтот отворено општество во Софија покажа дека од вкупно 35 анализирани земји, најголем дел од земјите од Западен Балкан се на дното. Словенија е рангирана на 11-то место, Хрватска на 24-то, Србија – 29-то, Црна Гора – 31-во, БИХ на 32-ро и Македонија на последното, 35-то место.

    Ова, го покажува нивото на медиумска слобода, подемот на сензационализмот и лажните вести, но и недостатокот на интерес на публиката за вистинско разбирање на медиумите.

    Кога зборувам за разбирање на медиуми, тргнувам од младите граѓани. Бидејќи, искуствата ни’ кажуваат дека мнозинството се прилично дигитално писмени, но не и медиумски писмени. Брзо размислуваат, користат дигитални алатки, мултилингвистични платформи, апликации. Супер е се’ тоа. Благодетите на интернет просторот.

    И тоа го прават прилично брзо, и површно. Понекогаш читаат само наслови на „тајмлајн“, недоволно ги анализираат текстовите, изворите, импресумите. Не умеат докрај да препознаат што е новинарски, а што е ПР текст. Им прелетуваат и манипулации.

    Истовремено забележуваат дека недостасуваат младински конкурси. Емисии креирани од млади за млади. Знаат и што им треба.

    Недоверба кон медиумите – недоволно „излуфтиран провев“ на пропаганда  

    Истражување на Агенција за медиуми покажа дека пола од младите сметаат дека на ТВ ретко се зборува за проблемите на младите. 15% рекле дека понекогаш се збори за младите, 16% рекле дека никогаш не се збори за младите. Ова го мислат млади.

    Според друго истражување на МОФ и Метаморфозис пред некоја година, скоро пола од младите сметаат дека медиумите, општо земено, пласираат дизинформации, додека за една третина вестите се структуирани на пропагандистички начин и медиумите користат јазик што стимулира поделби. За жал, дел од ваквите мислења ги чувствуваме и денес. „Провевот“ на пропаганда не е докрај излуфтиран, заедно со загадувањето.

    Анкета на „Ипсос Македонија“ и „Конрад Аденауер“ покажа дека половина од граѓаните сметаат дека медиумите во земјава се зависни, а само 15% дека се независни.

    Недовербата кон медиумите се покажува и со студиите по новинарство. Првата генерација новинари при Правниот факултет „Јустинијан Први“ пред четири децении броела 120 млади луѓе, ентузијасти да бидат новиот граѓански глас, авангарда, коректори на власта. Така беше и пред 15-20 години. Денес, нивниот број не надминува повеќе од 20-мина студенти. Полоша е сликата на Државниот универзитет во Штип „Гоце Делчев“, каде се запишале само двајца студенти по новинарство. Ова се бројки од годинава.

    И не е само недоверба кон новинарската професија што ги одвратува младите, туку и социјалниот статус, нерешен работен статус во редакциите, мали плати, неплатени дежурства. Едноставно е, младиот новинар треба да биде платен за да не биде подложен на корупција, страв за егзистенција или самоцензура.

    Исто така, не може да учиме да градиме доверба кон медиуми и да подигаме медиумска писменост со учебници со застарени поими. Ученици спомeнуваа дека се уште изучуваат за весникот „Време“, кој не постои. На пример.

    Преземање одговорност и градење доверба

    Секој млад човек има права, но и одговорности. Кога ќе влезе во јавен простор, било да е Фејсбук, Твитер, блог, некој друг медиум… треба да знае дека неговиот збор создава „домино ефект“. Секое едно зборче, таму некаде – влијае на некој настан, личност, мислење. Затоа се потребни етички механизми.

    Но, кога зборуваме за преземање одговорности во јавниот простор, не зборувам за сузбивање на слобода на говор. Како општество долго време се бориме да ја истакнеме слободата на изразување и информирање. Таквите механизами не значат ретерирање од нашиот став за слобода. Напротив! Зборувам за механизми, кои едукативно ќе делуваат на младите. Со своето постоење, со своето делување ќе го намалуваат „провевот“ на пропаганда, омраза, дискриминација, нетолеранција.

    Саморегулацијата во медиумскиот простор и на социјалните мрежи ќе продолжи. Ова е некаков паралелен процес, како што и самите медиумски здруженија дадоа насоки за професионален дигитален живот (Кодекс, импресуми, транспаретно сопствеништво), така би функционирале етичките механизми, за одговорност и взаемна почит.

    Бидејќи, ако нема чувство на општествена одговорност, нема доверба. Со неетична, недефинирана и релативизаторска комуникација често се создава магичен круг од цинизам, фрустрации, површност и неможност да се поистоветувме меѓусебно. Нема факти, само перцепции и лични доживувања. Расте недоверба, што потоа се рефлектира низ цело општество.

    Луѓе, треба да си ја вратиме довербата! Не зборувам само кон професијата, кон политичар, новинар, полицаец, судија, каде има ерозија на доверба. Зборувам за верување од човек кон човек. Тоа за мене е тажно. Живеење тмурна состојба, тешко чувство како пред дожд, цело време! Треба очовечување на луѓето, дека тие не се само аватар, профилна слика. Запознавање со нивните грешки, поистоветување со нивните потреби, барања, обврски, стравови, со нивната секојдневна работа.

    Медиумската писменост се храни со сите овие работи. Затоа е важна.

    Младите да станат „активни разумни дигитални жители“. Ако во заднина има општество кое негува идеја за медиумски писмени граѓани, тогаш е полесно да се образуваат младите. Но, ако општеството и донесувачите на одлуки ја самонегираат идејата, тогаш образованието би било многу тешко, бидејќи би одело против општествените цели.

    Бојан Шашевски

  • (Qëndrim) Arsimimi mediatik – qark i varur nga mediat, arsimi, përgjegjësia dhe besimi

    15/12/2018 – 10:28#FUQIAESHTATË, LAJMEQËNDRIM

     

    Bojan Shashevski

    Arsimimin mediatik duhet ta shohim nëpërmjet prizmit të medieve, arsimit, përgjegjësisë në hapësirën publike dhe në ndërtimin e besimit. Paraqet një rreth ngushtë të lidhur me këto çështje, që varen njëra nga tjetra.

    Ja pse. Filloj nga vetja. Në Radio MOF, si media jemi platformë multimediale. Në përkthim – angazhime të ndryshme gazetareske, analiza, tema, audio nën kaste, intervista, video tregime, diskutime, radio emisione, kontakt me lexuesit nëpërmjet rrjeteve sociale, ditë të hapura mediatike për të rinjtë të hedhin një sy në redaksinë. Të njoftohen me obligimet gazetareske, të drejtat, përgjegjësitë dhe si “piqet” produkti gazetaresk.

    Afërsia do të thotë thirrje për besim. Njëkohësisht, përpiqemi të inkurajojmë njerëz të rinj, aktiv, të angazhuar, kreativ, solidar, të cilët para së gjithash, bëhen të vetëdijshëm dhe mësojnë të mendojnë në mënyrë kritike.

    Së pari të mendojnë, dhe pastaj të mendojnë në mënyrë kritike, të zhvillojnë “filtër” për manipulime dhe sjellje jo etike, pa e humbur rrjedhën e nevojave të tyre sociale dhe trendeve të komunitetit.

    Atë mision si një medium përgjegjës dhe organizatë, e çojmë më tutje sa është e mundur. Gjithashtu besoj se mediet e tjera e bëjnë këtë. Por kjo nuk mjafton për të rinjtë. Dhe e gjithë shoqëria në përgjithësi. Jo!

    Pse? Arsimi mediatik, i cili sipas definicionit krijon “qytetarë të arsyeshëm, kritikë dhe të vetëdijshëm”, nuk mund të mbetet i mbërthyer në mediat dhe në arsimin joformal. Nuk duhet të lihet vetëm si një projekt i organizatës qytetare. Pishtari i arsimit të medias me të gjithë paketën, duhet të transferohet në sistemin arsimor. Sa më shpejt, aq më mirë. Jemi duke humbur kohë!

     

    Arsimi është rrënja

    Është mirë dhe e bukur të flitet për transparencë dhe llogaridhënie, kjo i lëviz proceset demokratike. Vërtetë. Është një shartim i degëve të rritura dhe të sëmura, ose degë që pengojnë në zhvillimin e degëve të tjera, por ushqimi i vetë rrënjës së pemës së jetës, alias shoqërisë funksionale.

    Prandaj, përpjekjet deklarative të Qeverisë kundër lajmeve të rrejshme do të jenë dezinformime për aq kohë sa vullneti politik nuk do të iniciojë ndryshime për arsim cilësor.

    Në kuptim, termi “Arsimi i mediave” nuk është përmendur kurrë në ish-strategjinë e arsimit, apo edhe në strategjinë e re 2018-2025 .Është përmendur “Arsimi digjital”, por kjo është vetëm një pjesë, një segment i ombrellës së arsimit mediatik, i cili përfshin arsimin filmik, arsimin teatror, gjuhësor … Media të ndryshme dhe mesazhe të ndryshme.

    A është e mjaftueshme për momentin që AVMU promovon DVD-të, domethënë materiale edukative   mbi temën e arsimit mediatik për shkollat fillore, të krijuara nga organizata? Vallë vendimmarrësit mendojnë edhe për kushtet hapësinore në institucionet arsimore, motivimin e mësuesve, së bashku me një program të ri?

    Indeksi i dytë vjetor për arsimin mediatik i Institutit të Shoqërisë së Hapur në Sofje tregon se nga gjithsej 35 vendet e analizuara, shumica e vendeve të Ballkanit Perëndimor janë në fund. Sllovenia renditet e 11-ta, Kroacia 24-ta, Serbia 29-ta, Mali i Zi 31-i, BdheH 32-ta dhe Maqedonia në vendin e fundit, e 35-ta.

    Kjo tregon nivelin e lirisë së medies, rritjen e senzacionalizmit dhe lajmet e rreme, si dhe mungesën e interesit të audiencës për një kuptim të vërtetë të medieve.

    Kur flas për të kuptuar mediet, unë po filloj me qytetarët e rinj. Sepse përvoja na tregon se shumica janë mjaft të arsimuar në mënyrë digjitale, por jo të arsimuar në mënyrë mediatike. Mendojnë shpejt, përdorin mjete digjitale, platforma shumëgjuhëshe, aplikacione. Është e shkëlqyer e gjithë kjo. Të mirat e hapësirës në Internet.

    Dhe këtë e bëjnë shumë shpejt dhe sipërfaqësisht. Ndonjëherë lexojnë vetëm titujt në “tajmlajn”, nuk i analizojnë mjaft tekstet, burimet, përshtypjet. Ata nuk mund ta kuptojnë plotësisht se çfarë është gazetaria dhe se çfarë është teksti PR. U fluturojnë edhe manipulime.

    Njëkohësisht, vërejnë se mungojnë konkurset rinore. Emisionet e krijuara nga të rinjtë për të rinjtë. E dinë se çfarë u nevojitet.

     

    Mosbesimi ndaj mediave – “një rrjedhë pamjaftueshëm e filtruar” e propagandës  

    Hulumtimet nga Agjencia e Medias treguan se gjysma e të rinjve mendojnë se në TV rrallë flitet për problemet e të rinjve. 15% thanë se ndonjëherë flitet për të rinjtë, 16% thanë se kurrë nuk flitet për të rinjtë. Këtë e mendojnë të rinjtë.

    Sipas një hulumtimi dhe Metamorfozis para një viti, pothuajse gjysma e të rinjve mendojnë se përgjithësisht mediat shpërndajnë dezinformime, ndërsa një e treta e lajmeve janë të strukturuara në mënyrë propagandistike dhe mediat përdorin një gjuhë që stimulon ndarjet. Për fat të keq, disa prej këtyre mendimeve ndjehen edhe sot. “Rrjedha” e propagandës nuk është e filtruar plotësisht, së bashku me ndotjen.

    Hulumtimi i “Ipsos Makedonia” dhe “Konrad Adenauer” tregoi se gjysma e qytetarëve mendojnë se mediat në vend janë të varura dhe vetëm 15% se ato janë të pavarura.

    Mosbesimi ndaj mediave tregon dhe me studimet e gazetarisë. Gjenerata e parë e gazetarëve në Fakultetin Juridik “Justiniani i Parë” katër dekada më parë numëronte 120 të rinj, të entuziazmuar që të ishin zëri i ri qytetar, avangarda dhe korrektorët e pushtetit. Kështu ishte edhe para 15-20 viteve. Sot, numri i tyre nuk kalon më shumë se 20 studentë. Më keq është imazhi i Universitetit Shtetëror në Shtip “Goce Dellçev”, ku u regjistruan vetëm dy studentë në gazetari. Këto janë numrat e këtij viti.

    Dhe nuk është vetëm mosbesimi i profesionit të gazetarisë që i refuzon të rinjtë, por edhe statusi social, statusi i punës i pazgjidhur në redaksitë, paga të vogla, detyrimet e gatishmërisë të papaguara. Është e thjeshtë, gazetari i ri duhet të paguhet për të mos iu nënshtruar korrupsionit, frikës për ekzistencë apo vetë-censurës.

    Gjithashtu, ne nuk mund të mësojmë të ndërtojmë besimin në media dhe të rrisim arsimin mediatik me tekste me afate të vjetruara. Studentët përmendin se ata ende mësojnë për gazetën “Vreme”, e cila nuk ekziston më. Për shembull.

     

    Marrja e përgjegjësisë dhe ndërtimi i besimit

    Çdo i ri ka të drejta, por edhe përgjegjësi. Kur të hyjë në hapësirën publike, qoftë Facebook, Twitter, një blog, ndonjë medium tjetër … ai duhet të dijë se fjala e tij krijon një “efekt domino”. Çdo fjalë e vetme, diku atje – ndikon në një ngjarje, person, mendim. Prandaj, nevojiten mekanizma etike.

    Por kur flasim për marrjen e përgjegjësisë në hapësirën publike, nuk flas për shtypjen e lirisë së fjalës. Si shoqëri, kemi kohë që po luftojmë për të theksuar lirinë e shprehjes dhe të informimit. Mekanizma të tillë nuk do të thonë tërheqje nga pozicioni ynë për liri. Përkundrazi! Po flas për mekanizma që do të ndikojnë në mënyrë edukative te të rinjtë. Me vetë ekzistencën e tyre, me veprimet e tyre do të reduktojnë “rrjedhën ” e propagandës, urrejtjes, diskriminimit, intolerancës.

    Vetë-rregullimi në hapësirën mediatike dhe në rrjetet sociale do të vazhdojë. Ky është një lloj procesi paralel, si edhe vetë shoqatat e mediave   udhëzimet për jetën profesionale digjitale (kodi, përshtypjet, pronësia transparente), kështu do të funksiononin mekanizmat etike, për përgjegjësi dhe respekt të ndërsjellë.

    Sepse, nëse nuk ka ndjenjë të përgjegjësisë sociale, nuk ka besim. Me komunikim joetik, të padefinuar dhe relativist, shpesh krijohet një rreth magjik i cinizmit, frustrimit, sipërfaqësisë dhe paaftësisë për t’u barazuar mes vete. Nuk ka fakte, vetëm perceptime dhe përvoja personale. Rritet mosbesimi, i cili pastaj pasqyrohet në të gjithë shoqërinë.

    Njerëz, të rikthejmë besimin! Nuk e kam fjalën vetëm ndaj profesionit, ndaj një politikani, një gazetari, një polici, një gjyqtari, ku ka erozion të besimit. Po flas për besimin e njeriut ndaj njeriut. Kjo është trishtuese për mua. Të jetuarit në gjendje të zymtë, sikur ajo ndjenja e vështirë para shiut, për gjatë gjithë kohës! Nevojitet humanizim i njerëzve, se ata nuk janë vetëm një avatar, një fotografi profili. Njohja me gabimet e tyre, identifikimi me nevojat, kërkesat, detyrimet, frikën, me punën e tyre të përditshme.

    Arsimi mediatik ushqehet me të gjitha këto punë. Prandaj është i rëndësishëm.

    Të rinjtë të bëhen “banorë digjital aktivë dhe të arsyeshëm”. Nëse në prapavijë ekziston një shoqëri që ushqen një ide për qytetarët me arsim mediatik, është më lehtë t’i edukosh të rinjtë. Por, nëse shoqëria dhe vendimmarrësit e vetë neglizhojnë idenë, atëherë arsimi do të jetë shumë i vështirë, sepse do ecte kundër qëllimeve sociale.

    Bojan Shashevski

     

    *Kjo përmbajtje u përgatit me ndihmën e Bashkimit Evropian në kuadër të Projektit për shprehje rinore. Përmbajtja edukative e botuar është përgjegjësi e Forumit Arsimor Rinor dhe ajo nuk pasqyron domosdoshmërish pikëpamjet e Bashkimit Evropian.

* Оваа содржина е изработена со помош на Европската Унија во рамките на Проектот за младинско изразување. За објавените содржини е одговорен Младински образовен форум и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.