Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. Политиката беше поларизирана а општествената кохезија исклучително тенка. Од овие причини, додека државите се обидуваат да мобилизираат огромни ресурси кон домаќинствата и бизнисите, тие не смеат да ги заборават и локалните заедници каде здравствената криза и економските последици дефинитивно ќе се спојат.
Во текот на оваа недела се состануваат и лидерите на Г-20 со цел ја координираат реакцијата на коронавирусот. Истовремено, во наредните месеци се очекува намалување на БДП на меѓународно ниво, кое најверојатно ќе биде и поголемо од големата рецесија по 2008 година. За разлика од глобалната финансиска криза која беше иницијатор за таквото назадување, пандемијата се заканува да затвори цели економски сектори низ целиот свет. Едноставно, досега не се случило вакво нешто – одеднаш да сопре толку многу економии во светот.
Домашните реакции на Големата рецесија се покажаа неадекватни. Пакетите за спас ги стабилизира финансиските институции и урбаните центри а истовремено заборавија на милиони граѓани кои живеат во руралните и полу-руралните региони. Со оглед на тоа дека штедењето и автоматизацијата ги загрозија изгледите за подобар живот во заедниците кои не се урбани, започна да провејува чувството на неправда. Популистите ги искористија овие нешта и ги свртеа граѓаните против мигрантите, бегалците, медиумите, „естаблишментот“ и експертите во сите области.
За да се избегне повторувањето на тие грешки, би сакале да се осврнеме на економскиот и општествен капитал кај тие „заглавени“ заедници. Епидемијата на коронавирусот поттикна илјадници активности на ниво на заедниците во целиот свет – на улиците, во зградите и во маалата, преку апликациите WhatsApp и групи на Facebook. Овие иницијативи овозможија практична поддршка на оние кои беа изолирани и беа најмногу изложени на ризик од вирусот. Италијанците кои пееја од тераси и другите примери на великодушност и дух на заедништво се светли точки во овие темни времиња.
Сепак, мрежите во заедницата се мошне послаби во оние места каде истите најскоро можеби би биле најпотребни. Во последниве три години, More in Common, инаку невладина организација која ја управуваме, констатира општествени „фрактури“ во западните демократии. Нашите студии утврдија дека во секоја земја еден сегмент на „невидливи“ кои сметаат дека општеството ги игнорира. Овие „невидливи“ не се карактеризираат со ниво на приходи, возраст, расно или родово потекло или политичко убедување, туку според нивната исклученост од општеството.
Во споредба со другите, „невидливите“ е многу поверојатно да не им веруваат на институциите и на луѓето. Повеќе од колку било која друга демографска група, тие се ранливи на поларизирање од типот „ние против нив“ кое ги поттикнува конфликтите во општеството. Ова е суштинско опасно во времиња на криза а „невидливите“ не се мала група. Тие сочинуваат околу една третина од вкупното население во Франција, Германија и Соединетите Држави.
Економските промени ги имаат многу силно засегнато овие луѓе, а поради малите изгледи за вработување довеле до тоа многумина да имаат страв дека не можат да им бидат конкуренција на мигрантите кои работат за помалку пари. Сепак, овие лица се чувствуваат и општествено исклучени. Тие е поверојатно да се чувствуваат осамено, непочитувани и дека не припаѓаат никаде. Искористувајќи ја нивната лутина, фрустрации и чувство на немоќ, популистите имаат дојдено на власт во многу држави, или се очекува да дојдат.
Она што е потребно за да може да функционира спасувачки пакет во вредност од трилиони долари и да се избегнат големите грешки на Големата рецесија се обидите да се зајакне општествената кохезија во развиените и во земјите во развој. Земјите од Г-20 би можеле да започнат со заложба дека за секој долар кој го инвестираат во поттикнување на нивните економии ќе има еден цент за фондови во заедницата наменети за области во кои речиси и да нема општествен капитал.
Овие фондови би можеле да обезбедат ресурси на микро ниво за зајакнување и повторна изградба на поврзаноста и на животот во заедниците, со посебен акцент на „невидливите“ кои ќе го носат товарот на запирањето на економијата и социјалното дистанцирање. Кризи од обем како што е сегашната е можно да доведат и до подлабоки поделби во заедницата, но истовремено тие се можност да ги обединат луѓето на едно место.
Вкупната вредност на интервенциите од Г-20 во врска со коронавирусот веќе ги надминаа износите кои беа утврдени со Маршаловиот план по Втората светска војна. Пред седумдесет и пет години, економиите беа скршени а милиони луѓе станаа бегалци и се соочуваа со голем очај. Планот на генералот Џорџ Маршал за повторна изградба на општествата и економиите беше извонреден показател на соработката помеѓу Соединетите Држави и Европа.
Повикот на генералот Маршал, по повод покренувањето на овој План во 1947 година, имаше за цел да обезбеди „обнова на функционалната економија во светот со цел да се создадат политички и општествени услови во кои можат да постојат слободни институции“. Маршал научи од грешките направени во дваесеттите и триесеттите години во неговата деценија – дека ранливите општества, ако останат поделени, потпаѓаат во авторитаризам.
Во подготовките за пост-пандемска иднина, лидерите на земјите Г-20 треба да ја следат оваа лекција. Просперитетот кој стана возможен за децата на Маршаловиот план (кои сега се на возраст од седумдесет и осумдесет години а со тоа и се најмногу под закана на коронавирусот) беше изграден на инклузивни економски и општествени основи. За да се опстане во оваа пандемија, ќе повторно да изградиме, и тоа не само за себе, туку за сите.
Тим Диксон и Матиè Лефевр
*Блогот е објавен во рамки на Иницијативата за дигитално граѓанство ResPublica и е преземен од www.respublica.edu.mk. Оригиналната објава можете да ја прочитате ОВДЕ.
Тим Диксон и Матиè Лефевр се коосновачи на More in Common, меѓународна непрофитна организација која работи на тоа да им помогне на општествата да бидат поотпорни на заканите од поларизација и општествени поделби.