„Но на гркланот на К. беа ставени рацете на едниот господин, додека оној другиот му го збрца ножот длабоко во срцето и го сврте таму двапати. Со очи што гаснеа К. виде уште како господата, пред самото негово лице, прилепувајќи образ до образ, го набљудуваа извршувањето на пресудата. ‘Како пес!’ рече тој; а изгледаше, ќе биде надживеан од срамот.“
(извадок, “Процес” – Франц Кафка)
Терминот егоцентричен потекнува од латинскиот јазик, тој е унија на его, што значи „јас“ и центарот, што значи „средина на сè или центар“ и ја покажува склоноста на една личност да упати сè на себе, правејќи да стане „јас” центарот на универзумот.
Моментот кога човекот како една примитивна единка на општеството (кое што постојано го соградува па разурнува), се најде на центрот на една бездимензионална средина ( умот ) дека тој е центарот на се, а се занемари секоја следна важна нишка од правилно функционирање на една цивилизација, знаеме дека започнува да владее еден општ хаос во кој човекот не ја буди свеста до моментот кога не падне во најниската своја првична форма.
ХАОС – Краен неред, отсуство на систем во нешто. Грчки χάος значи „празнина, огромна празнина, провалија, бездна“, од глаголот χαίνω , „простор“. Исто така може да значи и простор, бездна или бесконечна темнина. Ферикид од Сирос (пр. 6 век п.н.е.) го толкувал хаосот како вода, како нешто необично што може да се разликува.
Од самиот почеток на онаа чувство на поедеинецот дека припаѓа во една етничка, општествена група од тука започнува и самата борба на поединецот , една неверојатно апсурдна борба за својот споствен интегритет во таа навидум машинерија на неоформените институции и шпекулативни влијанија на лидерите кои се обидуваат да ја разградат самата личност на единиот поединец, а потоа и на целата таа група. Системот во кој што припаѓаме (пропаѓаме) со години во позадинска улога ја крие бирократијата која детално гние во канцелариските фотељи на општествените функционери.
Кога сакаме да видиме дали една нација ја достигнала својата кулминација и почнала да пропаѓа, просто можеме да го согледаме образовниот, судскиот и секој оној сектор од општеството, и ќе се дефинира стадиумот на бедата на таа издвоена целина.
Но дали оваа време на исполитизирани судници, исполитизирани институции, исполитизирани основни потреби на поединецот, можеме да речеме дека го имаме својот личен интегритет или пак не можеме со ништо да се спротивставиме како осуденикот на Франц Кафка, Јозеф К.?
Појавата на тој вид наметнување на вина за некој случај базиран на сплет од околности кои заедно креираат една сосема неприфатлива димензија на испланиран, координиран хаос. Со помош на психолошки методи, обвинување, заплашување, се создава една неверојатна психолошка слика на безизлезност во која некој мора да ја превземе одговорноста, во овој случај Јозеф К. или пак модерниот цивилизиран човек. Тука се јавува влијание на едно насочено јавно мислење за прифаќање на таа несоодветна одговорност.
Базата на ваквата апсурдна и бедна манипулација на системот со поединецот во општеството е всушност егоцентризмот , кој ја преминува веќе дозволената граница. Моментот кога човекот како заробеник на еден доживотен процес ќе го осознае вистинскиот поредок и ќе стане на бунт против маскотите на малограѓанштината, е моментот кога синот на поединецот нема да го почувствува мирисот на бирократијата и на бедниот поредок кој што гние во безредие и беззаконие.
Секој оној кој што ќе излезе на говорницата и ќе соопшти дека се бори за слободата на граѓанинот барем во ова општество, е всушност спротивна маскота. Секој глас во новината кој ќе соопшти дека го поседува сопствениот интегритет се залажал себе си или е приврзаник на некоја подетално развиена заедница. Во целина сето тоа е базирано на тој фундамент интрига „себе-издигнување” над сите, всушност манипулација со плитките умови на денешнината, кои слепо се врзуваат за одредени ставови, исполитизирани бирократски мислења, а не се свесни дека самото тоа ги води до една, мозочноиспрана бездна.
Славење на глупавоста и идиотизмот како слика на општеството. Заробена слобода, и идеали на бирократија. Слободен затвореник. Судење од страна на идиотизмот, насочено судење кон секој општествен поединец со различен психолошки став од системот.
Мислите дека уште постои држава/нација?
Со ваквиот подем на беззаконието, нема веќе држава и не постои веќе дури и никаков вид на идеал. Сум читал и сега кажувам дека тоа е само декорација на господата дипломати кои веќе детално го испланирале следниот колеж.
Па вака доколку ние кои веќе сме осудени на процесот на бирократираното и беззаконото судство на оваа општество, наместо да се приклонуваме кон некои политички идеали и постојано барање на грешката кај другиот, најпрво самите лично треба да се испитаме колку ние самите сме виновни за допринесот да се најдеме во состојбата во која што сме и во која што ќе бидеме после стотици лета, кога конечно на Јосеф К. (нас сите бездомници) како пресуда ќе ни се забоде и токму два пати заврти ножот во срцето, кој што имал за цел да го усмрти целото наше битие (или веќе е тоа одамна усмртено и осудено).
Да се биде или не? Да се опстане или не? Виновен или не?
Виновен, ДА. И по илјада години виновен во разумот. Осудено општество на повторување на истиот круг на издигнување и пропаѓање, рат и беда за еден нестварен миг на слобода и интегритет.
ВИНОВЕН!
Погледни, КАКО ПЕС, а изгледаше, ќе биде надживеан од срамот.
Дури и кога би можело да се поправат некои ситници – но ова е глупаво суеверие – тогаш можеби нешто би се постигнало за идните процеси, но човек би си нанел огромна штета на себе со тоа што ќе го привлече посебното внимание на бирократијата, која секогаш е наклонета. да се биде самобендисан. Само не привлекувајте внимание! Подобро е да се седи со мир, дури и ако е против убедувањето!
(извадок, “Процес” – Франц Кафка)
Дали уште не излеговме од бесмислата? Хм, а смислата ја имало ли општеството?
Пишува: Андреј Анѓелковиќ