„Заканата од смртта, прави да ја сфатите бесмисленоста на самонаметнатите пречки“ раскажува за Гардијан, 25 годишна Британка која успеала да го победи ракот на дојката. Октомври е месец на подигање на свеста за борбата со рак на дојката, а во продолжение таа објаснува како нејзината желба да гледа напред и помогнала во борбата со тешката болест.
„Постојат одредени настани кои повеќето луѓе се надеваат дека ќе ја немаат таа несреќа да ги доживеат, а да ти е кажано дека имаш рак на дојка на возраст од 25 е веројатно една од нив.
Со една судбоносна средба во темна, сива соба, сè што некогаш што сум се надевала и сонувала чувствував како да е одземено од мене.
Контролата врз мојот живот одеднаш беше надвор од моите раце и моите денови се исполнија со сите нешта поврзани со ракот: лекари, болници, чекалници, тешки одлуки, статистики за тоа колку ќе живеам и страшни третмани.
Јас собрав информации за операциите, радиотерапијата, хемотерапијата, долгорочни лекови, како да изберете перика, како да ги задржите вашите нокти од паѓање и симптомите на коишто требаше да внимавам.
Тоа беше застрашувачки – како да паднав во паралелен универзум каде што ништо не е реално и сè е една долга ноќна мора од која не можете да излезете.
Во тој момент ќе помислете дека најдобро нешто е да се борете за опстанок и да се смирете за момент, нели?
Но не и јас. Можеби бев заглавена во вид на една борба, но наместо тоа направив чекор за кој размислував со години, но се предомислував. Сакав да запишам магистратура за маркетинг комуникации.
Јас се убедував дека немав доволно време или пари и дека на возраст од 24 години сум премногу стара за универзитет.
Смешно е како заканата од смрт прави да ги сфатите овие бесмислени самонаметнати пречки.
Јас присуствував на отворањето на универзитетот во Лондон, истиот ден кога ја примив првата терапија од еден нов третман. Потоа, започнав да ги комбинирам моите предавања, со неделните прегледи.
Тоа не беше воопшто лесно. Морам да признаам дека на почетокот чувствував болки во коските кога после терапијата одев на предавања.
Сепак, иако ми одземаше многу време комбинирањето на моите студии со работата и справувањето со моите здравствени проблеми во текот на мојата прва година, не можам да го опишам задоволството и мотивација што универзитет ми ги даде.
Со преземање на контрола на еден аспект од мојот живот, не само што го чувствував како да сум постигнала нешто, она што го научив од предавачите и студентите што ги сретнав на курсот беше бесценето. Поддршка добив од канцеларијата за хендикеп на универзитетот што во моите најтешки денови ми помогна да опстанам.
Студирањето ми даде волја да поминам преку најзастрашувачките денови во мојот живот. Нема време да размислувате за тоа колку ве болат коските кога сте зафатени со учење за испити и подготвување проекти за групните задачи.
Секој има свои предизвици, но обидете се да избегате овие стапици и стремите се кон она што сте го одвлекувале – тоа никогаш не е толку страшно како што си замислувате. И по завршувањето на мојата дисертација, борбата се исплати.
Извор: The Guardian