Да знаеме каде сме, каде сме биле и каде планираме да одиме е основно за да го опишиме светот околу нас. Успешното ориентирање до важни места во нашата средина бара да одржуваме чувство за насока во таа средина. Ако се изгубиме поради која било причина, мора да дојде до процес на преориентација со цел повторно да се воспостави насоката на патување.
Теориите за просторно однесување кои последичат луѓето да шифрираат ориентираната претстава на познатите граници кои си ги поставуваме одделно од знаменитостите, и тие добиваат се’ голем интерес во научната заедница.
А, техниката за одговарање на оваа тема претежно е доминирана од две постапки за натпреварување со знаци добиени од експерименти за климатизација на животни.
Вреди да се зборува парадигмата на размислување внатре-надвор (од кутијата) во однос на тоа како доаѓаме до практично разбирање на феноменолошкиот простор. Изводливо е да се сугерира дека успешната преориентација на нашиот посебен филозофски сет на размислување може да се заснова на ментално менување на снимените информации насочени кон нашето его, а за локална форма, т.е. размислува во и надвор од „кутијата“.
Да замислиме пример за еден човек кој бил научен да открие скриена цел од внатрешната страна на поле во форма на змеј (ромбоид) пред да биде ставен на тест однадвор. Успешното однесување за да се ориентираме на надворешната странан (надвор од кутијата) на змејот теоретски може да биде засновано на егоцентрично кодиран знак во општо позната форма, а доколку учесниците можат ментално да ја преведат претставата сфатена од внатрешната страна на змејот (мислењата внатре во кутијата) за да го усогласат со нивното просторното однесување во надворешната средина, т.е. надвор од кутијата.
Фразата „размислување надвор од кутијата“ произлегува од сложувалката со девет точки, која Гешталт психолозите ја користеле за да го истражат „моментот на сфаќање“. Гешталт психологијата се занимава со тоа како го „обликуваме“ она што го гледаме. Гешталт психолозите тврдат дека инстинктивно ги завршуваме нецелосните структури во нашите глави. Ова може да значи, на пример, дека гледаме квадрат на хартија со матрица од 3×3 точки. Празнините меѓу точките потоа ги пополнувaме.
Автоматски претпоставуваме дека не треба да го движиме нашето пенкало надвор од оваа фиктивна кутија. Следно, нашата претпоставка ја ставаме во критериум: „внимавајте, не успеавте ако се преселите надвор од линијата“. Меѓутоа, таму навистина нема квадрат… Мора буквално да го движите вашето пенкало надвор од илузорниот квадрат во оваа загатка. Мора буквално да размислувате „надвор од кутијата“!
Да преминеме на она што ми создава прашања во главата: бидејќи овој проблем бара од вас да го движите пенкалото надвор од „плоштадот“ и буквално и симболично, дојде до одредена конфузија во однос на зборот. „Пушти ги кочниците, критериумите веќе не се важни! е вообичаен начин да се опише размислувањето надвор од кутијата. А тоа според мене не е сосема точно. Ова е буквалното значење на поимот „квадрат“. Во суштина тврдиш дека има квадрат и дека плоштадот (кој претставува истиот квадрат), но во реалноста е плоштад бидејќи не сме сами во тој квадрат кој е граница на проблемот, таму сме опколени и со жива и со мртва природа. Повеќе или помалку сите објекти претставуваат фактор кој може потенцијално да ни го промени мислењето. Но, дали навистина е така?
Ситуацијата мора да се реструктуира. Сигурно сте ја слушнале фразата „погледнете на нешто од друга перспектива“. Реструктуирањето го повлекува токму тоа. Запомнете дека како ги гледате „работите“ не е исто како што се. Мора да ја промените вашата перспектива.
Решението ќе ви „дојде“ откако ќе го реконструирате проблемот. Ова е пресвртната точка. Знаете за што зборувам кога го кажувам познатото Еурека чувство, тој „Аха!“ момент.
Кутијата не ги претставува границите на проблемот сама по себе. Кутијата ги одразува нашите ментални граници. За да се ослободиме од нашите граници, мораме да правиме разлика помеѓу набљудување и толкување. Ова е предизвикувачка ситуација. За среќа, постојат различни стратегии кои можат да помогнат во ова. Неколку од нив разгледавме во мојата колумна.
Секогаш кога некој ќе ви каже да размислувате надвор од кутијата, замолете го да ви покаже како изгледа таа кутија!
Дали некогаш сте ја забележале оваа иронија на средбите после пандемијата на кои сте биле? „Ова се необични времиња“, често започнуваат така, пред да продолжат на „Нема погрешни одговори на овој состанок“. Додека вие се брзате да запишете се’ на стики белешки кои ги редите една по една околу вас. А откако ќе заврши состанокот после првото олеснително чувство, а потоа некоја тежина а, вашата прва мисла е дека тоа е затоа што сте јаделе премногу масна храна (откако си ветивте дека нема). А, потоа се прашувате зошто си ги поставувате границите и од каде ви доаѓаат ваквите мисли напамет, а тоа што ќе ви кажам јас е наместо да размислувате надвор од кутијата, вие ја дефинирате кутијата!
Елена Николоска
Овој производ е изработен во рамки на програмата за менторирање на млади новинари, како дел од проектот Fostering Youth activism through online media.