Институциите пристапуваат кон барањата на информации од јавен карактер со одреден сомнеж. Според едно истражување, 60 отсто од испитаниците изјавиле дека им биле барани „дополнителни објаснувања“ за барањaта, нешто што не е пропишано со сегашниот закон.
Реформата на јавната администрација во Македонија е една од основните области каде е потребно реформирање на земјата на патот кон членство во Европската Унија. Иако земјата, заедно со останатите земји од Западен Балкан, ги спроведува овие реформи веќе една декада, веќе од 2014 година Европската комисија дава сет на начела за земјите кандидати за членство кои треба да ги следат и да се придржуваат кон нив, со цел да станат успешни земји членки на ЕУ.
Отчетност на институции
Што подразбираме под отчетност на институциите? Зошто бараме тие да бидат отворени односно транспарентни во својата работа? Дали постои корелација помеѓу транспарентноста и сомнежите за коруптивни дејствиjа на оние кои се финансираат од наши пари? Сите овие прашања може да нè наведат да се замислиме што значи тоа кога некој не е транспарентен во својата работа (а притоа таа информација не е означена како државна тајна) и дали тоа значи дека нешто се крие, што понатаму доведува до сомневање дека постои некаков сторен криминал или злоупотреба на службената позиција или злоупотреба на финансиите.
Имено, после формирањето на Владата на 1 јуни 2017, една од нејзините први заложби беше унапредување на транспарентноста и отченоста на работата на јавната администрација односно создавањето на стручна и ефикасна, отчетна и транспарентна администрација која ќе обезбеди квалитетни услуги за граѓаните и бизнис секторот и ќе ги заштити нивните права. Веќе на 27 ноември 2017 година, Владата објави соопштение со листа на документи кои владините институции треба да ги објавуваат во согласност со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Тука се вклучени 21 документ кои се однесуваат на транспарентноста на институциите и претставуваат нивна „лична карта“, а некои од нив се однесуваат на буџети, ревизорски извештаи, листа на вработени, правилници за систематизација на работни места итн. Притоа, иако нема особен напредок во поглед на објавувањето анализи на политики, публикации и начинот на презентација на самите документи, повеќето од институциите, во овој период сепак почнаа да ги објавуваат овие информации од јавен карактер утврдени во соопштението.
За жал, ова не прерасна во пракса, односно како и сите најавени реформи кои започнаа со силно темпо, а сега се во застој, така и оваа реформа започна добро, но моментално е во застој. Отчетноста и транспарентноста на која се гледа преку ваквиот вид документи сега се одвива ад-хок, односно многу од овие документи повторно (на пример, Министерството за правда на својата веб страна, сè уште ги нема прикачено сите овие задолжителни документи) мора да се бараат од институциите наместо проактивно да се објавуваат. Воедно, контактите релевантни за соработката со граѓанските организации сè уште не се видливи, а објавување информации за процесите на јавни консултации се повеќе исклучок отколку практика.
Институционален контекст
Во овој контекст важно е да се спомене правото за барање слободен пристап до информации од јавен карактер. Иако постои Комисија за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, таа во моментов е нефункционална и работи со намален персонал. Исто така, Комисијата има слаб механизам за извршување – не може да им наложи на институциите доследно да го применуваат законот и претставува маана во рамките на нејзиното работење.
Сепак, според последните информации, овој проблем е веќе надминат во новиот Предлог-закон за слободен пристап до информации од јавен карактер, каде се предвидува да се „води управна постапка и одлучува по жалби против решението со кој имателот на информацијата го одбил барањето за пристап до информации на барателите“. Воедно, поради овие промени и проширени надлежности, Комисијата ќе биде целосно укината и ќе се замени со Агенција за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер. Како најбитен исчекор треба да се смета и новата надлежност која претходно недостасуваше, а тоа е дека Агенцијата ќе може да „води прекршочна постапка преку прекршочна комисија која одлучува по прекршок во согласност со закон“.
Покрај нефункционалната Комисија, проблем претставува долгиот рок за доставување на бараните информации (30 дена), но и тој не секогаш се почитува и често дадените информации знаат да бидат нецелосни, односно да го избегнуваат поставеното прашање од барателите на информации. Во однос на начинот на кој Комисијата постапувала во изминатите години по жалбите на барателите може да се каже дека во најголем процент одлучила во нивна корист.
Од ова произлегува дека иако рокот е долг, што во исто време не значи дека имателите на информации треба да чекаат да изминат тие 30 дена, туку едноставно да имаат доволно време за прибирање на бараните информации, рокот не е проблем сам по себе колку што е неволноста на имателите да ги достават овие информации.
Во едно неодамнешно регионално истражување, спроведено во рамки на проектот WeBER преку „Мисли за Европа мрежата (TEN)“, каде е спроведена анкета за мислењето на претставници од граѓанските организации, кои воедно се оние кои најчесто го користат ова право, од истражувањето може да се заклучи дека институциите пристапуваат кон барањата со одреден сомнеж. На пример, 60 отсто од испитаниците од граѓанските организации, изјавија дека им биле барани „дополнителни објаснувања“ за барањaта, нешто што не е пропишано со сегашниот закон.
Од сето ова кажано, не треба да се сфати дека објавувањето на релевантни документи и соодветно информирање на граѓаните по нивните барања се некаков мачен или „револуционерен“ процес, туку неопходност која е потребна да се одвива постојано. Овие реформи не треба да се сфатат како нешто што треба да се прави одново, едноставно треба да се почне со имплементирање на стратешките приоритети кои се однесуваат на отчетност и транспарентност во секоја институција. Овој процес треба да го разберат и вработените во државните институции, кои исто така се граѓани кои на крајот од денот ќе треба да го очекуваат истото во однос на отчетноста и давањето услуги од овие институции.
Всушност, овој процес на континуирани реформи се случува и во земјите кои имаат развиена култура на адиминистративно работење, како на пример административниот систем во Велика Британија, каде отчетноста и транспарентноста се поставени на високо ниво, каде што сите владини институции и агенции, нивните документи и електронските услуги кои ги нудат, може да се пронајдат на едно место. Не значи дека реформите се прават кога ќе се увиди некаков проблем, туку тоа е прилагодување на административниот апарат кон потребите на граѓаните, при што реформскиот процес треба да се одвива континуирано. Во таа насока, Владата назначи и министер без ресор кој е задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, кој треба да ја води координацијата на институциите за да бидат што е можно повеќе отчетни пред граѓаните, но иако има подобрувања во поглед на отчетноста споредено со претходната Влада, сепак тоа не е доволно во овој момент.

Ангел Мојсовски