Пишува: Дана Нучители за Гардијан
Во необјаснивото откажување од било каква поврзаност со одговорност или лидерство, Доналд Трамп соопшти дека го почнува процесот на повлекување на Соединетите Американски Држави од Климатскиот договор од Париз, приклучувајќи им се на Никарагва и Сирија како единствени држави во светот кои го одбиваат Договорот. Сега изгледа неизбежно дека книгите по историја ќе гледаат на Трамп како најлошиот американски претседател на сите времиња.
Повлекувањето на Трамп од Парискиот договор е пред сè симболичен гест. Заложбата на САД дека ќе го намали загадувањето со јаглерод не беше обврзувачка и политиките на неговата администрација веќе оневозможија САД да ги достигне климатските цели за 2025 година според Договорот од Париз. Следниот американски претседател во 2020 година ќе може да се вклучи повторно во Договорот и да се заложи за политики кои би го вратиле изгубеното во времето на владеењето на Трамп.
If I and my advisors had never learned what Science is or how & why it works, then I’d consider pulling out of the Paris Climate Accord too.
— Neil deGrasse Tyson (@neiltyson) June 1, 2017
Сепак, повлекувањето од Парискиот договор е важен симболичен гест – среден прст за остатокот од светот и за следните генерации. САД е историски далеку најголем придонесувач за климатските промени. Иронично, додека Трамп тврди дека најголемиот дел НАТО членки не го плаќаат својот дел од колачот во организацијата, САД соопштува дека тие, пак, нема да го плаќаат нивниот дел од колачот за соочување со климатските промени – за кои се најмногу одговорни.
Републиканска партија која гние
А Републиканската партија стана Партијата на Трамп. Неговата одлука беше поддржана со писмо од 22 републикански сенатори кои го повикаа на повлекување од климатскиот договор. Тие сенатори, случајно примиле преку 10 милиони долари во донации од индустријата на фосилни горива во последните пет години.
Нивните причини се сомнителни во најмала рака, тврдејќи дека еколошките правници ќе се повикуваат на меѓународен договор во нивните напори да ја спречат администрацијата на Трамп во елиминирањето на Планот за чиста енергија на претседателот Обама. Со закон, американската влада е должна да го регулира загадувањето со јаглерод под Актот за чист воздух, бидејќи претставува закана за јавното здравје. Републиканските сенатори напишаа:
„Еколозите ќе спорат дека одредбите од Членот 115 (од Актот за чист воздух) полесно се достигнуваат преку Парискиот договор бидејќи вклучува повисока транспарентност според одредбите од Член 13, кој воведува процес за нациите да ги приложат плановите за намалување на емисиите една на друга и потоа да коментираат на нив“.
Како што ми објасни правникот Давид Донигер, од Националниот совет за одбрана на ресурсите, ова тврдење е бесмислено:
„Измислуваат работи. Агенцијата за заштита на животната средина (ЕПА) не се заснова на Париз за да го оправда Планот за чиста енергија и ниту една од страните која го брани Планот не го споменала Париз во законска основа. За Членот 115 од Актот за чист воздух, никој колку што знам, не помислил на ваков аргумент“.
Тешко е да се објасни мотивацијата на републиканските сенатори зад ова писмо. Дури и големите нафтени и компании на јаглен го поддржаа останувањето на САД во Договорот од Париз. Индустриите не сакаат несигурност која ја носи влегувањето и излегувањето од меѓународни договори, а експертите се загрижени за ефектите врз американското меѓународно влијание од раскинување на овој критично важен договор кој самите придонесоа да се постигне пред помалку од две години, потпишан од скоро сите држави во светот.
Можеби сенаторите се обидуваат да јаваат на националистичкиот и анти-глобалистичкиот наратив на Трамп. Можеби мислат дека нивната десничарска база ќе биде возбудена ако му покажат сила на целиот свет на Договорот од Париз. Сепак, мнозинството гласачи во секоја американска држава го поддржува регулирањето на јаглеродот како загадувач, а 71% од Американците (меѓу нив и 57% републиканци) смета дека САД треба да биде дел од Парискиот договор.
22 Senators asked President Trump to leave the #ParisAgreement. Their constituents disagree. pic.twitter.com/pj3H7QeKw3
— Yale Climate Program (@YaleClimateComm) May 30, 2017
Накратко, напорите да се излезе од Парискиот договор донесени во заблуда и скоро сите го знаат тоа. Сите, освен 42% од републиканскиот Сенат, помеѓу нив и нивниот лидер Мич МекКонел, Џејмс Инхоф, Ренд Пол, Тед Круз и секако високиот советник на Трамп – Стив Бенон и шефот на ЕПА, Скот Пруит. Дополнително и браќата Кох и Владимир Путин не се фанови на Договорот. Овие два фактори можеби најдобро ја објаснуваат одлуката на Трамп и сенаторите републиканци.
Среќно деца, ќе ви треба
Настрана од политичките калкулации, откажувањето на САД од Парискиот договор е многу неморално. Човечки предизвиканите климатски промени го ставаат здравјето на нашите деца и внуци во ризик. Ова е особено точно во посиромашните земји, кои немаат ресурси да се прилагодат на тие влијанија. Сепак, потегот ќе наштети и на американската економија, како што напиша Џозеф Робертсон претходно оваа недела:
„Додека Кина, Индија и ЕУ се насочуваат кон рекордни инвестиции во чиста енергија и високо-ефикасна инфраструктира, транспорт и индустриско производство, повлекувањето од Парискиот договор е ризик САД да тргне економски наназад. Повлекувањето ефективно ќе им ги скрати можностите на американските компании и заедници од најефикасниот начин да се подигнат инвестициите, вработувањата, иновациите и враќање на инвестициите“.
Некои од републиканските лидери се мачат да ја зачуваат кредибилноста на партијата. Сенаторите Џон Меккејн и Линдзи Грахам предупредуваа против повлекувањето. 20 републиканци од долниот дом сега пристапија кон двопартиската Комисија за климатски решенија, која има цел да изработи климатски политики со економски придобивки прифатливи за двете најголеми американски партии.
Досега, пофалните обиди на овие лидери не беа успешни. Трамп и мнозинството републиканци во Конгресот прават се што можат да го подигнат загадувањето со јаглен. Сакаат да ги поништат сите американски климатски политики, додека немаат план кој би ги заменил. Накратко, тие се среќни да дозволат светот да гори, а последиците да ги трпат нашите деца и внуци.
Изборите во 2020 ќе бидат климатски референдум
Ова е гнилата состојба на денешната Републиканска партија. Тие се среќни да ја распродадат иднината на човештвото за нивен краткорочен политички профит. Ноам Чомски беше во право – Републиканската партија можеби е најопасната организација во историјата на човештвото. Овој чекор доаѓа во време кога потребата од дејствување на глобалното затоплување е јасна со децении, но Републиканската партија ги блокира сите американски климатски напори и сега ни истекува времето да ја избегнеме опасната климатска промена.
Trump, per a source, will follow the 4-yr rule to get out of Paris, meaning the US will leave on Nov 4, 2020.
Election Day 2020: Nov 3.— Dan Merica (@danmericaCNN) June 1, 2017
Повлекувањето на САД од Парискиот договор ќе трае четири години, што значи дека изборите во 2020 година (и „половичните“ избори за Конгресот во 2018-та) ќе бидат референдум за денешната одлука на Трамп. Американските гласачи мораат да испратат сигнал на светот на тие избори. Во меѓувреме, ќе биде на остатокот од светот – особено Кина и ЕУ – да го преземат лидерството во врска со климатските промени кое САД го отфрли.
Дана Нучители е блогер за environmentguardian.co.uk. Таа е еколошки научник и проценител на ризик, исто така е вклучена и во SkepticalScience.com