Боб Дилан не заслужува Нобелова награда за литература. Ги заслужува многуте Греми награди кои ги доби, вклучително и наградата за животно дело, која ја доби во 1991 година. Без прашање, припаѓа во Рок енд Рол Халата на славните, во која беше воведен во 1988 година, заедно со The Supremes, The Beatles и The Beach Boys. Тој е прекрасен музичар, композитор од светска класа и исклучително влијателна фигура во американската култура.
Но, преку доделување на наградата на Дилан, Комитетот за Нобелови награди избира да не награди писател, а тоа е разочарувачки избор.
Да, Дилан е брилијантен текстописец. Да, има напишано книга со слободна поезија и автобиографија. Да, може неговите текстови да се анализираат како поезија. Но, неговото пишување е неодвоиво од неговата музика. Голем е бидејќи е одличен музичар, а кога Нобеловиот комитет му ја додели наградата за литература на музичар, ја пропушти можноста да оддаде чест на писател.
Како што читањето се намалува низ светот, литературните награди се позначајни од кога и да било. Голема награда значи пораст во продажбите и читателство, дури и за добро познат писател. Но, повеќе од тоа, да се награди Нобеловата награда на романсиер или поет, е начин да се афирмира дека фикцијата и поезијата сѐ уште се значајни, дека се клучно човечко однесување, вредно за меѓународно признание.
Популарната музика е исто такво однесување, но во поголем дел, веќе го добива признанието кое го заслужува. Настрана од неколкуте награди за пишан збор, никој не би очекувал најголемата чест во музиката да му припадне на писател. Нема да ги видиме Зејди Смит или Мери Гејтскил во Рок енд рол Халата на славните.
Комитетот веројатно не мислеше да ги обезвредни фикцијата или поезијата со својот избор. Преку наградување на музичка икона, членовите на комитетот можеби сакале да донесат нова културна валута кон наградата и да направат да изгледа многу позначајна за помладите генерации.
Но, има многу начини на кои можеле да го остварат ова, истовремено наградувајќи писател. Можеле да изберат писател кој направил значајна иновација во формата, како Џенифер Иган, Теху Кол или Ен Карсон. Можеле да изберат писател писател од земја во развој, кои остануваат загрижувачки занемарени меѓу Нобеловите лауреати. Можеле да изберат писател кој со читатели се здобил претежно онлајн, како Варсан Шаер, кој стана првиот млад поет – Лауреат на Лондон, во 2014 година.
Наместо тоа, комитетот ја додели наградата на човек кој е светски познат во друго поле, кој е и онака многу наградуван. Боб Дилан нема потреба од Нобелова награда во литература, но на литературата ѝ треба Нобеловата награда. Оваа година, нема да ја добие.
Оригиналниот текст може да се прочита тука.