Стечајните работници од Куманово денеска два часа го блокираа влезот на градот, барајќи да престане игнорантскиот однос на актуелната власт кон нивниот проблем, објави kumanovonews.
Претседатлеката на Здружението „Унит“, Лилјана Георгиевска, потенцира дека иако протестираат повеќе од два месеци (секој петок), досега никој од власта не ги повикал на разговор за изнаоѓање решение.
„Повеќе од 10 години бараме државата да не обештети и ни исплаќа по 6.000 денари месечен надомест. Протестите ги активиравме токму сега за да извршиме пристисок врз актуелната власт да предвиди средства за обештетување во буџетот за наредната година, кој ќе тежи 3 милијарди евра“, изјави Георгиевска на денешниот протест.
Стечајците од Каманово најавија дека ќе бидат дел од протестниот марш во Скопје, кој за празникот 11 Октомври го најавија опозицијата заедно со активисти, уметници и новинари.