Фоторепортерот Steve McCurry е најпознат по впечатливиот портрет на авганистанското девојче од 1985, кој бил на насловната страница на списанието National Geographic. Оттогаш, McCurry, големиот мајстор на зграпчувањето на приказните во единствени фотографии, е посветен на предавањето на тајните на репортерската фотографија.
Во овие негови совети, собрани од богатата работа на McCurry, тој открива како да се постигне најдобрата композиција на фотографиите, што помага тие да станат моќно и ефектно средство за бележење на реалноста.
Правило на третините
Предметите, важните елементи и деталите што ве интересираат ставете ги по овие линии:
Водечки линии
Користете ги природните линии за да ги водат очите низ сликата
Дијагонали
Дијагоналните линии создаваат одлично движење
Врамување
Користете постоечки, природни рамки, како прозорците и вратите
Фигури и тло
Најдете контраст меѓу предметите и земјата
Исполнете ја рамката
Приближете се до вашите предмети
Око што доминира во центарот
Поставете го доминантното око во центарот на фотографијата
Шаблони и повторувања
Шаблоните се естетски привлечни. Но, најдобро е кога шаблонот се разбива.
Симетрија
Симетријата му годи на окото