Француското електронско дуо „Daft Punk“ на 26 јануари, во Лос Анџелес, на доделувањето на музичките награди „Греми“ ќе го има првиот настап во живо по издавањето на албумот „Random Access Memories“ во мај лани.
Според последните информации, на Французите на сцената ќе им се придружат: Pharell Williams и Nile Rodgers (кои двајцата учествуваа во последниот албум на Daft Punk), како и соул легендата Stevie Wonder, кој ќе настапи со специјален бенд составен од одлични музичари: Chris Caswell, Nathan East, Omar Hakim и Paul Jackson Jr.
На 56-то доделување на наградите „Греми“, кое ќе се одржи во Staples Center во Лос Анџелес на 26 јануари, покрај Daft Punk, номинирани се и Lorde, James Blake, Tame Impala, Disclosure и The National, меѓу другите. Еве ја и комплетната листа на номинации.